Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Оркестар DIVA ја продолжува традицијата: „Виена во Битола“ повторно ја воодушеви публиката

Шеталиште 17/12/2025 09:48
DEO_7503

На 15.12.2025 година во Центар за култура Битола се одржаа два концерти од традиционалниот новогодишен концерт „Виена во Битола“ во изведба на Оркестар DIVA, настан кој со години наназад претставува културен белег на градот и е меѓу најбараните концерти во празничниот период.

Публиката беше пречекана во сценографија што наликуваше на новогодишна честитка со канделабри, снежни ефекти и зимски пејзажи кои асоцираа на волшебна зимска бајка, инспирирана од виенската елеганција. Во духот на празниците, на посетителите им беа разделени и новогодишни чоколатца, како мал, но топол гест на благодарност кон верната публика.

Концертната програма донесе внимателно избрани бисери од виенската класика и оперетата, со дела од Јохан Штраус, Франц Лехар, Емерих Калман и други. На сцената настапија солистите Марија Наумовска Бакревски, Јелена Јовановиќ (Србија) и Тамара Ангеловска, заедно со мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“, балетот при Македонска опера и балет, придружени од Оркестар DIVA и НУ Камерен Оркестар на Битола. Еден од поубавите моменти беа и малите балерини од Анастасија Центар кои на изведбата на Silent Night ја разнежнија публиката со нивната изведба. Концертот беше под диригентска палка на Владимир Димовски, кој во исто време ги подготвуваше и аранжманите и целосната оркестрација.

„Виена во Битола“ е концерт кој секоја година се очекува со сè поголем интерес и кој уште еднаш ја потврди својата позиција како неизоставен дел од културниот календар на градот. Како и претходните години, така и оваа година два концерти беа распродадени уште пред еден месец што ја потврдува желбата на публиката да присуствува на вакви настани.

Со вакви проекти, Оркестар DIVA уште еднаш потврдува дека негува препознатлив стил, топлина и директна врска со публиката, создавајќи концерти што се паметат и со нетрпение се очекуваат секоја година.

За повеќе информации за настанот, посетете ги профилите на социјалните мрежи на Оркестар DIVA на следните линкови: Facebook и Instagram.

DEO_6614
DEO_6656
DEO_6704
DEO_6785
DEO_6847
DEO_6858
DEO_6885
DEO_6911
DEO_7060
DEO_7137
DEO_7170
DEO_7290
DEO_7388
DEO_7503
DEO_7589
DEO_7847
DEO_7951
DEO_7978
DEO_8023

Continue Reading

Претходно: Значаен европски грант за Општина Новаци: Нов систем за наводнување
Следно: Скопје стана центар на регионалната стартап сцена: Првпат регионот обединет на Startup Revolution AI Summit

Поврзани вести

festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска sv-teodosija 1
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

11/06/2026 07:22
И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер Soncevo_0-1 2
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

11/06/2026 07:12
Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега? el-ninjo 3
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

10/06/2026 19:37
Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба more-solunfb-696x368 4
  • Балкан

Морето во Солун целосно ја промени бојата, се шири непријатна миризба

10/06/2026 19:33
За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата grcija-rabotnici-patista-gradezni 5
  • Балкан

За викендов се најавени гужви накај Халкидики – ќе се вози низ Солун, се работи на обиколницата

10/06/2026 19:28

Можеби сте пропуштиле

sv-teodosija
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

Шеталиште 11/06/2026 07:22
Soncevo_0-1
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

Шеталиште 11/06/2026 07:12
svetsko-prvenstvo
  • Фудбал

Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Шеталиште 11/06/2026 07:11
el-ninjo
  • Свет

Се заканува ли најсилниот Ел Нињо досега?

Шеталиште 10/06/2026 19:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани