Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Шеталиште 26/02/2026 15:51
Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа. 

– Во врска со какви било националистички испади, дали се тоа навивачки групи или што било друго, апсолутно ги осудувам. Апсолутно. И тука не треба да имате дилема, без разлика дали тоа доаѓа од една навивачка група кон друга или од друга кон трета или од трета кон четврта, од една етничка припадност кон друга и од друга кон трета и така натаму. Апсолутно не можам да прифатам навредување врз основа на етничка припадност и јас тоа како човек сум го кажал и ќе продолжам да работам на негово спречување – рече Мицкоски во одговор на пратеничко прашање на пратеникот Ријад Шакири.

Премиерот апелира до сите граѓани во државата тоа да не го прават, а како што нагласи, од органите на државата ќе бара најстроги казни за оние што тоа ќе го направат, без разлика, дали тие испади ќе бидат на натпревар „Вардар“ – „Башкими“, од навивачката група „Комити“ кон етничката припадност на најголемиот дел од играчите во фудбалскиот клуб „Башкими“… – тоа, потенцира Мицкоски, е недозволиво.

Вели дека тој како пратеник би дал добар пример ако на реверот на својот костим има значка не само со албанско знаме, туку и со македонско.

– Да речеме, јас денеска би дошол со значка на која би ги имал двете знамиња, да речеме, не само албанското, туку и македонското. И тоа ќе е силна порака, но вие таа можност сте ја испуштиле. Сте дошле само со една значка, а тоа е албанската. Вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот што го полнат сите граѓани на Македонија, без разлика на етничката припадност. Затоа можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но, вие таа можност ја пропуштивте – рече премиерот Мицкоски.

Додаде дека како Влада направиле многу работи за да ги релаксираат меѓуетничките односи во државата.

– Тоа и се случува. Морам да признам овде пред вашите колеги пратеници дека кога бевте во коалиција со нас, од ваша страна добивавме комплименти и пофалби дека тоа сме го направиле. Но, сега сте опозиција и мислите дека со ваков тип на пораки ќе добиете политички поени. Господине Ријад Шакири, за мене е изненадувачки бидејќи за вас сум имал високо мислење, сум мислел дека сте ги надминале тие етнички прегратки и мислев дека навистина пошироко ги гледате работите. Се надевам дека ова што денеска го кажавте не го мислите и се надевам дека сте космополит човек во душата имајќи предвид дека многупати сме разговарале лично и сум добил поинаков вчечаток. Се надевам дека следниот пат кога ќе поставувате прашање или кога ќе дојдете на работа во македонскиот парламент, на значката, покрај албанското знаме, кое е етничко знаме на народот на кој му припаѓате, ќе го има и македонското бидејќи од оваа држава добивате плата – истакна Мицкоски.

Пратеникот Шакири истакна дека е факт оти го носи својот национален симбол. – Ова ми го даде премиерот на Албанија, кога вие ќе ми донесете значка со знамето на Република Северна Македонија, на идната седница ќе го носам и тоа – рече Шакири. По ова, нему му беше дадена значка со македонското знаме, која тој ја стави до значката со албанското знаме.

Во врска со прашањето за безбедноста и функционирањето на „Безбеден град“, што беше дел од прашањето на Шакири до премиерот, Мицкоски истакна дека тој проект го правеле неколку влади, но оти бил постојано одложуван.

– Пред некој ден првпат имаме случај во кој, барем онаму каде што покриваат камерите, не е забележано поминување на црвено светло. Ова првпат се случува. Цел ден никој не поминал на црвено светло – рече Мицкоски.

Додаде дека во Куманово дневно има приближно осум до 10 сообраќајни прекршоци дневно, како и во Тетово.

– Генерално, најголемиот број, некаде меѓу 300 и 400 прекршоци, се на територијата на градот Скопјe, во делот покриен со камери и на коридорите 8 и 10, оној дел од автопатите што се покриени со камери, така што дневно, би рекол, може да заокружиме  500-600 сообраќајни прекршоци од разна природа – зголемена брзина над дозволената, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и така натаму – рече премиерот.

Исто така, додаде Мицкоски, во текот на овој месец ниедно лице не настрадало во сообраќајна несреќа, што, според него, се должи и на воспоставувањето на системот „Безбеден град“.

– Во февруари немаме лице што загинало како резултат на сообраќајна несреќа. Сообраќајните несреќи се намалија за 50 проценти… Значи, придобивките сега се такви и тоа се бројки и факти пред кои, велат, и боговите молчат  истакна премиерот Мицкоски од собраниската говорница. 

Фото: Принтскрин 

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
Следно: Општина Битола ја реконструира спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Поврзани вести

dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
sv-agatangel-594x460
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

Шеталиште 12/03/2026 10:21
20260312102727_big_730x400_26
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

Шеталиште 12/03/2026 10:16
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре thessaloniki-e75-750x375 1
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12/03/2026 12:06
Златото денеска се продава по 144 евра за грам zlato-960x540-1 2
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

12/03/2026 10:55
Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа dsc_1520-1536x1133 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

12/03/2026 10:44
Денес се празнува Свети Агатангел Битолски sv-agatangel-594x460 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Агатангел Битолски

12/03/2026 10:21
Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“ 20260312102727_big_730x400_26 5
  • Македонија

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“

12/03/2026 10:16

Можеби сте пропуштиле

thessaloniki-e75-750x375
  • Балкан

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

Шеталиште 12/03/2026 12:06
zlato-960x540-1
  • Економија

Златото денеска се продава по 144 евра за грам

Шеталиште 12/03/2026 10:55
dsc_1520-1536x1133
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 20 години и во вториот контролен настап успеа да забележи победа

Димитар Петковски 12/03/2026 10:44
624-400-horoskop-horoskopi-zodiia-zodii-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (12.03.2026)

Шеталиште 12/03/2026 10:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани