Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Отворено 13-то издание на фотографската изложба „Со љубов од Битола“

Шеталиште 15/08/2025 13:14
DSC_7529

Во фоајето на НУ Центар за култура – Битола, на 14 август 2025 година, беше отворено тринаесеттото издание на традиционалната фотографска изложба „Со љубов од Битола“. Оваа година, темата беше посветена на битолските порти – симболи на минатото и чувари на градскиот дух.

Изложбата, која е дел од фестивалот „Бит Фест 2025“ и е финансиски поддржана од Министерството за култура и Општина Битола, претставува 33 фотографии. Од нив, 30 се од автори кои учествувале на конкурсот, а три се дела на членовите на стручното жири: Димитар Чунговски, Кети Талевска Бакревска и Диоген Хаџи-Коста Милевски.

Првото место го освои Марија Дојшовска со фотографијата „Староградска порта“, второто место му припадна на Давид Козаров со „216“, а третата награда ја доби Викторија Стојковска со делото „Вдахнување“. Доделени беа и три пофалници за автори кои на посебен начин ја доловиле убавината на битолските порти.

Директорот на НУ Центар за култура, Сашо Илковски, во своето обраќање истакна дека изложбата претставува „ризница на спомени и емоции, дигитална библиотека која ја чува душата на градот“. Координаторот на проектот и член на жирито, Диоген Хаџи-Коста Милевски, нагласи дека овогодинешното издание е рекордно според бројот на учесници и квалитетот на пристигнатите фотографии.

Изложбата нуди патување низ портите на Битола – неми сведоци на историјата и чувари на тајните на градот. Таа ќе биде отворена за посетителите во наредните денови во фоајето на НУ Центар за култура.

Фото: Општина Битола

Continue Reading

Претходно: Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори, истакна Мицкоски
Следно: Ивона Кочов утре со нова изложба насловена “Пркос кон заборавот”

Поврзани вести

plakat Vracanje na Zikinata dinastija
  • Настани

Во кино Мис Стон “Враќање на жикина династија”

Шеталиште 08/04/2026 09:29
zdravko
  • Настани

На 1ви август со голем концерт Здравко Чолиќ во Битола

Шеталиште 06/04/2026 14:30
MKD_5292
  • Вести
  • Настани
  • Останати
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Македонските навивачи во фокусот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген (Фото)

Димитар Петковски 27/03/2026 06:37
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Сончево и топло со температури до 20 степени soncevo 1
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

12/04/2026 08:41
Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение Veligden-768x483-1 2
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

12/04/2026 08:39
Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 3
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08

Можеби сте пропуштиле

soncevo
  • Македонија

Сончево и топло со температури до 20 степени

Шеталиште 12/04/2026 08:41
Veligden-768x483-1
  • Македонија

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

Шеталиште 12/04/2026 08:39
261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани