Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

Откриено најголемото наоѓалиште на диносауруси во светот

Шеталиште 05/12/2025 10:35
Dinosaurusi

„Во националниот парк Торторо во Боливија, меѓу пространство од стари карпи, откриено е најголемото наоѓалиште на траги од диносауруси. На источната падина на Андите, палеонтолозите на наоѓалиштето Карерас Пампа изброиле речиси 18.000 различни траги од диносаурусите“, објави „Сајенс алерт“.

Наоѓалиштето вклучува рекордни 16.600 тропски траги распоредени во 1.321 патека, и 289 различни отпечатоци. Сите траги се од тероподите – месојадни диносауруси, но има и отпечатоци од денешните птици. Станува збор за едно извонредно наоѓалиште чијашто вредност е уште поголема поради едноставниот сплет на условите на животната средина коишто го овозможиле неговото сочувување.

„Наоѓалиштето Карерас Пампа во националниот парк Тороторо, Боливија, е извонреден збир на диносаурусови и птичји отпечатоци (фосилни траги), траги од пливање на Тероподите, траги од опашки и најразлични дупки направени од безрбетници“, пишува заедничкиот американско- боливиски тим предводен од палеонтологот Раул Есперанте од Институтот за геонаучни истражувања во САД.

Наоѓалиштето Карерас Пампа некогаш бил брег на старо слатководно езеро. Иако езерото е пресушено одамна, неговото опкружување било погодно за сочување на трагите во меката кал и водата богата со карбонати. Самиот број на траги упатува на тоа дека ова езеро било важно живеалиште за животните во ова подрачје.

Што откриваат трагите? Освен вообичаени отпечатоци од стапала, наоѓалиштето ги сочувало и трагите од канџи, вдлабнатини на опашките итн. Големината на отпечатоците од стапалата варира од најмали, помали од десет сантиметри, до оние најголемите до 30 сантиметри.

„Отпечатоците од стапалата на тероподите, како и трагите од влечење на опашките се многубројни и добро сочувани во наоѓалиштето појавувајќи се на патеките на коишто можат да се најдат плитки, длабоки и многу длабоки траги“, соопштуваат научниците. „Трагите од опашките укажуваат на тоа дека диносаурусите покажувале некој вид локомоторно движење како одговор на тонење во меката подлога што довело до допирање на површината со своите опашки. Карерас Пампа сега е едно од најважните наоѓалишта на остатоци од диносауруси на светот. Содржи најголем број забележани траги од тероподите, најголем број траги од пливање и нуди редок увид на однесувањето на диносаурусите и на некогаш, успешен еко-состав. Поради сето тоа, сметаат дека треба да биде вброено меѓу најисклучителните наоѓалишта на светот, познато како фосилно наоѓалиште со исклучително добро зачувување“, се истакнува во написот.

Со изобилството и исклучително зачуваните траги и отпечатоци, наоѓалиштето Карерас Пампа претставува ихнолошки битно фосилно наоѓалиште. Квалитетот, според научниците, го прават наоѓалиштето едно од најважните локалитети со остатоци од диносауруси во светот.

Фото: Википедија

Continue Reading

Претходно: Фарма за муви во Виена произведува ѓубриво
Следно: СДСМ: Мицкоски најавува избори

Поврзани вести

IVK_7220
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:25
Naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (29.08.2026)

Шеталиште 29/08/2026 15:48
naslovna
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (22.08.2026)

Шеталиште 22/08/2026 16:45
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 3
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43

Можеби сте пропуштиле

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани