Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Откупната цена на тутунот паѓа, тутунарите во неизвесност

admin 19/11/2024 00:00
tutun-otkup

Откупната цена на тутунот за оваа година покажува значителен пад во споредба со минатата година, предизвикувајќи незадоволство кај тутунопроизводителите. Податоците за оваа година, презентирани од ресорниот министер Љупчо Трипуновски, покажуваат дека цените се поставени на 375 денари за прва класа, 300 денари за втора класа, 240 денари за трета класа, додека дополнителната класа е проценета на 115 денари по килограм.

Ова е значително пониско во однос на претходната година, кога тутунарите добиваа значително повисоки суми благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, воведена од претходната Влада.
Покрај падот на основната откупна цена, намалени се и субвенциите.

Наместо линеарниот модел од 100 денари по килограм за сите класи, годинава субвенциите се распределени по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа. Овој пристап дополнително го намалува приходот на тутунарите, кои веќе се соочуваат со зголемени производствени трошоци. Оваа промена предизвикува револт, бидејќи значи дека производителите ќе добијат помалку пари за својот труд, во период кога секој денар е критичен за нивното опстанување.

До оваа година тутунопроизводителите уживаа повисоки откупни цени и стабилни субвенции. Примерот со првата класа, која минатата година достигна над 460 денари по килограм, покажува како правилната субвенциска политика и елиминацијата на одбитоците влијаеше позитивно врз приходите на земјоделците. Според достапните податоци, од 2014 до 2023 година, цената на тутунот се зголемила за 212%.

Дополнително, како и другите земјоделци така и тутунарите ги користат бенефициите од зелена нафта и финансиска помош за обработливите површини кои се воведоапред две години. Овие мерки помогнаа во обезбедување на стабилност за оваа важна земјоделска гранка, која носи девизен прилив од над 120 милиони евра годишно.

Падот на откупната цена на тутунот во 2024 година е сериозен удар врз семејствата кои егзистираат од ова производство. Во Македонија ма околу 20.000 семејства кои живеат од приходот од производство на тутун.

Continue Reading

Претходно: Рецепт за пилешка супа која штити од настинка и проблеми со синусите
Следно: Во јануари ќе се знае дали студентскиот оброк ќе се зголеми на 160 денари

Поврзани вести

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани