Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола ја информира јавноста дека дефектот кој се појави во Пумпната станица „Довлеџик“ е целосно отстранет.
Пумпата веќе е вратена во функција и се очекува во најкраток можен рок водоснабдувањето во ниската зона на градот да се нормализира и да се одвива непречено.
Од ЈКП „Водовод“ – Битола упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и разбирањето за време на интервенцијата.

