Официјално: Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Индијан Велс и Мајами

0
Споделивања

Новак Ѓоковиќ официјално нема да настапи на престојните турнири Индијан Велс и Мајами. Српскиот тенисер до последен час очекуваше „пропусница“ за влез во Соединетите американски држави, која се уште е една од ретките држави кои не дозволуваат влез на невакцинирани странци, но не доби дозвола па се повлече од ждрепката.

Оваа забрана завршува на 11. мај што значи дека српскиот ас ќе може да настапи на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС Опен.

На местото на Ѓоковиќ ќе настапи Николож Вашилашвили.

0
Споделивања
Exit mobile version