Ракометарите на Охрид со гол во последните секунди од мечот, славеа во Битола над тимот на Еурофарм Пелистер со 27:26.
Натпреварот во текот на првиот дел, двете екипи се менуваа во водство и иницијатива и на полувремето се замина со водство од 13:11 за битолскиот тим.
Во второто полувреме битолчани имаа повеќе пати предност но потоа следуваше период кога Охрид поведе , до крајот на мечот беше исклучително неизвесно за на крај дербито да заврши со гол во последната секунда на Стрмљан за конечни 27:26 и голема победа на ГРК Охрид во Битола.
Најефикасен во составот на Охрид беше Тилен Стрмљан со 5 голови, Кристијан Пилиповиќ имаше седум интервенции. Кај домаќините екипата на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков постигна шест, а додека Филип Кузмановски четири голови, голманот Никола Митревски одбрани осум удари.
По 26 одиграни кола Вардар е лидер со дури осум бодови предност, Пелистер и Охрид имаат по 42 бода, а четврти е Алкалоид со 40 бодови.
фото грк охридс

