Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Охрид ќе биде полн со туристи за Нова година, исполнети хотелските капацитети

admin 12/12/2023 00:00
Ohrid6-1-scaled

Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро.

Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ.

Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници се веќе исполнети, особено оние со помал број легла. Помалите сместувачки објекти се речиси стопроцентно исполнети, се чува само по некоја соба колку за сместување свои коминтенти, додека однапред резервираните аранжмани се речиси распродадени.

Поголемите хотели на брегот на Охридското Езеро оваа година слично и на изминатите, ќе работат за празниците како преку аранжмани, така и врз база на индивидуални посети, но без да организирааат дочек на Новата година. Понудата е различна, зависно категоријата на објектот, но цените се слични на минатогодишните, односно приближно 50 евра за ноќевање со појадок, до некаде 200 евра за тридневен полн пансион со свечена вечера за дочекот на Новата година.

Помалите хотели се целосно закупени и тоа најмногу со гости од соседните држави, од кои најбројни традиционално се оние од Србија, но и од Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора. Гости ќе има и од подалечни дестинации, од европските земји, но во помал број.

Што се однесува на охридските ресторани, и кај нив веќе се резервирани местата за дочекот како и за останатите вечери, со тоа што цените варираат зависно категоријата и местоположбата, некаде околу 50 евра по лице за Новогодишната ноќ, со понуда на богато мени и неограничен пијалок. Дел од рестораните и баровите ќе работаат и на варијантата отворен влез, без организиран дочек со редовни цени на услугите.

Она што е позитивно што години наназад гостите кои дошле во градот за новогодишните празници, заминуваат воглавно задоволни од понудата, цените и забавата.

Интерес има за за приватните сместувачки капацитети, но тој е далеку помал споредбено со летната сезона, воглавно најмногу се бараат капацитетите во центарот на градот. Секако, голем број гости ќе има и меѓу оние кои имаат свои станови и викенд-куќи во градот или во некои од туристичките населби на риверата.

Централното градско подрачје и поважните сообраќајници се веќе украсени со реквизити, низ градот се чувствува претпразничната атмосфера, останува уште да се објави информацијата за програмата и уметниците кои ќе бидат задолжени за забавата на отворено, односно за дочекот на Новата 2024 година на Градскиот плоштад.

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува Преподобен Акакиј Синајски
Следно: Дневен хороскоп (12.12.2023)

Поврзани вести

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра! gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01 1
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

13/10/2026 10:10
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон 678о9 2
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

13/10/2026 09:17
Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата Bogorodica 3
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

13/10/2026 07:15
Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители 20261012202429_big_730x400_43 4
  • Македонија

Претставување на кандидатите за нов шеф на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители

13/10/2026 06:10
Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени studeno-1 5
  • Македонија

Облачно и постудено време со дожд, температурите ќе паднат до 10 степени

13/10/2026 06:08

Можеби сте пропуштиле

gmerleben_gummersbach_schwalbe_arena_2018_01
  • Македонија
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Гумерсбах домаќин на Е. Пелистер во „Швалбе арена“, која изградба чинеше над 10 милиони евра!

Димитар Петковски 13/10/2026 10:10
678о9
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не ја мина првата пречка на ВТА-125 турнирот во Лисабон

Димитар Петковски 13/10/2026 09:17
IMG_7338
  • Промо

КС Групација, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа организираат крводарителска акција

Шеталиште 13/10/2026 08:12
Bogorodica
  • Македонија

Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата

Шеталиште 13/10/2026 07:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани