Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24
nasdaq-berza

Американските берзански индекси завршија во минус синоќа под притисок на загубите во технолошкиот сектор и акциите на компаниите поврзани со вештачката интелигенција (ВИ). Дополнителен притисок врз инвеститорите создадоа најновите податоци за инфлацијата во САД, која во септември ги надмина очекувањата на економистите.

Индексот S&P 500 падна за 1,11 проценти, технолошкиот Насдаг/Nasdaq загуби 1,88 проценти, додека Доу Џонс/Dow Jones забележа пад од 0,09 проценти. Падот на Насгад беше најголем од јули, покажуваат пазарните податоци. Според податоците објавени во САД, потрошувачките цени во септември пораснале за 0,6 проценти на месечно ниво, додека годишната инфлација достигнала 3,7 проценти, над очекуваните 3,6 проценти. Овие резултати ги засилија очекувањата дека Федералните резерви би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки, што би ги поскапило кредитите за компаниите и би ги ограничило инвестициите- пишува Инвестинг.

Најголемите загуби ги претрпеа дел од компаниите поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Акциите на операторот на центри за податоци CoreWeave паднаа за околу 15 проценти, додека Оракл/ Oracle загуби речиси девет проценти. Под притисок беа и производителите на компјутерска опрема и полупроводници, меѓу кои Дел/Dell и АМД/AMD.

Инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат трошоците и задолжувањето на компаниите што вложуваат големи суми во инфраструктура за вештачка интелигенција, особено во услови на повисоки каматни стапки. Во финансискиот сектор, акциите на Банк оф Америка/Bank of America паднаа за околу пет проценти по објавувањето на кварталните резултати и по веста за регулаторна казна од 1,2 милијарди долари. Акциите на Morgan Stanley исто така завршија во минус, и покрај резултатите што ги надминаа очекувањата на аналитичарите.

Падот на американските берзи покажува дека комбинацијата од повисока инфлација, неизвесност околу каматните стапки и растечките трошоци за развој на вештачката интелигенција повторно ги прави инвеститорите повнимателни пренесува слободен печат.

 

Continue Reading

Претходно: Температури до 20 степени, но со засилен ветер
Следно: Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Поврзани вести

inflacija-1.jpg
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

Шеталиште 09/11/2026 12:12
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

Шеталиште 09/11/2026 12:05
paridenari10-1
  • Економија

Од 1 декември построги услови за кредити: Пониски лимити и пократки рокови за отплата

Шеталиште 09/11/2026 11:05
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45
Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 2
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 3
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 4
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 5
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани