Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Падна вредноста на доларот

admin 27/02/2024 00:00
dolares

Азиските берзи денеска тргуваат претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици пред објавувањето на новите податоци за инфлацијата во САД и Европа, што може да влијае на насоката на пазарот. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, во 07:00 часот беше речиси непроменет од вчера, кога благо падна.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,15 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг и Јужна Кореја се лизнаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто, а во Австралија и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 0,5 отсто. Откако минатонеделниот азиски индекс MSCI го достигна највисокото ниво во последните седум месеци, на пазарите на почетокот на оваа недела владее внимателност.

Меѓу другото, затоа што вчера на Волстрит индексот Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордно ниво. Dow Jones загуби 0,16 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,38 отсто, а Nasdaq индексот 0,13 отсто. Откако минатата недела индексите силно пораснаа, благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, новата недела започна со благ пад на цените на акциите.

Индексот S&P 500 се зголеми во 15 од последните 17 недели, што се случи само еднаш во последните 50 години. Ваквиот долг позитивен тренд е благодарение на шпекулациите дека американската централна банка агресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, почнувајќи од март.

Сепак, откако неодамнешните податоци покажаа дека инфлацијата во САД неочекувано порасна во јануари, намалувањето на каматните стапки на ФЕД во март веќе не се ни споменува на пазарот, а изгледите за намалување во мај се избледени.

Така, сега преовладува мислењето на пазарот дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки на седницата во јуни. Шпекулациите за каматните стапки заминаа на задното место минатата недела бидејќи еуфоријата со вештачката интелигенција го поттикна пазарот откако производителот на чипови Nvidia објави подобри од очекуваните квартални резултати.

Сепак, пазарот во последните денови смири, а фокусот повторно е на економските показатели кои би можеле да влијаат на очекувањата во однос на каматните стапки. Најочекуваниот извештај за индексот на потрошувачките цени, кој ФЕД внимателно го следи, ќе биде објавен во четврток.

Доколку се покаже дека инфлацијата не попушта како што се проценува, пазарот би можел да се најде под притисок, имајќи предвид дека цените на акциите речиси континуирано растат во последните месеци. На девизните пазари, пак, падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,77 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,01 поен. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 150,50 јени, колку што беше и вчера во овој момент.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0815 долари. Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава зајакна за 0,02 отсто, на 82,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто, на 77,65 долари.

Continue Reading

Претходно: Од полноќ поевтинување на горивата
Следно: ЦУК: Вкупно девет пожари на отворено во последното деноноќие

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани