Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Пад на каматните стапки

Шеталиште 31/07/2026 10:09
62169

Благ пад на каматните стапки кај вкупните кредити и стабилизација на депозитите бележат најновите статистички податоци за јуни 2026 година што ги објави Народната банка. Според извештајот, просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа бележи намалување од 0,36 процентни поени, додека кај вкупните депозити е регистрирано минимално годишно намалување од 0,03 процентни поени.

Во периодот опфатен со најновата анализа, финансиските индикатори покажуваат различни движења во зависност од секторите и видовите на пласмани.

„Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 2,17%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,03 п.п.“

Во делот на новоодобрените финансиски производи, статистиката покажува дека просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни изнесува 4,38%, бележејќи месечно и годишно намалување од по 0,04 процентни поени. Од друга страна, новопримените депозити остварија раст на месечна и годишна основа.

„Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен раст од 0,07 п.п. и изнесува 4,71%. Зголемувањето произлегува од повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), при забележан пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.“

Continue Reading

Претходно: Маж запалил електрични кабли во зграда во Битола, оштетена инсталацијата на два ката
Следно: На одмор носите сè. Освен грижите – со вистинската заштита

Поврзани вести

nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
nafta-1
  • Економија

Нафтата поскапува: неизвесноста околу Ормускиот Теснец ги загрижува пазарите

Шеталиште 10/08/2026 07:23
20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк) 345678 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

10/08/2026 15:59
Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 2
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

10/08/2026 11:01
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција germansko-zname-650x396-2 3
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

10/08/2026 09:55
Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја 20260810091739_big_730x400_51 4
  • Балкан

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

10/08/2026 07:28
Денеска се слават Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Денеска се слават Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

10/08/2026 07:24

Можеби сте пропуштиле

345678
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Нашите кадети во битка за третото место вечерва играат против Швајцарија (Линк)

Димитар Петковски 10/08/2026 15:59
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Поевтинува горивото: Дизелот поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари

Шеталиште 10/08/2026 11:01
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија го заострува ставот за мигрантите, бара нивно испраќање во Италија и во Грција

Шеталиште 10/08/2026 09:55
20260810091739_big_730x400_51
  • Балкан

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

Шеталиште 10/08/2026 07:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани