Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Шеталиште 12/05/2026 12:04
станови зграда

Во првиот квартал годинава споредбено со четвртиот квартал од минатата година, закупот на станови бележи пад од 47 проценти, а намалување од 40 проценти има на вкупната месечна закупнина. Во општините Штип, Кисела Вода, Карпош и Охрид  има  раст на просечната месечна закупнина, а намалена е во Гази Баба и Аеродром.

Од 1 јануари до 31 март годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.583 закупи,  што е намалување од 15,4 проценти во однос на четвртиот квартал од 2025 година, но од  Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) оценуваат дека пазарот на закуп на станови останува стабилен со умерени промени по региони.

Извештајот од регистарот на цени и закупнини на АКН за периодот јануари – март годинава покажува дека вкупната месечна закупнина за првиот квартал е 1,1 милиони евра, што е намалување од 8,6 проценти на квартално ниво.

Најголем број од закупите од овој квартал, припаѓаат на деловни простори и тоа 40 проценти, односно 1.019 закупи, по што следуваат становите со 28 проценти (729 закупи), земјоделско земјиште и шуми со 15 проценти (394 закупи), куќи со 12 проценти (309 закупи).

Индустријата учествува на пазарот со 2 проценти закупи, додека градежното земјиште, гаражите и останати недвижности со по 1% од вкупниот пазар на закупи на недвижности.

Во овој квартал се закупени недвижности со вкупна површина од 2.728.415 квадратни метри со вкупна месечна закупнина од 70.064.654 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште и шуми, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Куќите бележат пад на бројот на закупи од  23 проценти и пад на вкупната месечна закупнина од 19  проценти во споредба со претходната година.

Кај деловните простори забележан е раст на бројот на закупи од 12 проценти и раст на вкупната месечна закупнина од 4 проценти во споредба со претходната година.

Во овој квартал постои зголемена побарувачка за изнајмување на гаражи.

Во изминатиот тримесечен период во општините Арачиново, Вевчани, Зрновци, Липково и Центар Жупа не се регистрирани договор за закуп на недвижности во Регистарот на цени и закупнини, а има четири општини  со само по еден закуп.

Најголем број закупи имало во Општина Центар, 311, во Општина Штип, 208, во Општина Аеродром, 184, и во Општина Карпош каде се регистрирани 178.

Податоците за просечната месечна закупнина на станови покажуваат различни движења по општини.

Во Кисела Вода просечната месечна закупнина во првиот квартал од 2026 година, има раст од околу 7 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2025 година.

Општина Центар е со благ раст од 1 процент, а Општина Карпош бележи пораст од околу 4,2 проценти, што покажува континуирана побарувачка за станови во оваа општина.

Во Аеродром е забележано мало намалување на закупнината во првиот квартал со пад од околу 4,3 проценти.

Охрид има умерен раст на закупнината од околу 3,3 проценти.

Најголемо намалување е забележано во Гази Баба, каде просечната месечна закупнина се намалила за околу 25 проценти.

Во Штип е евидентиран раст од 5,4  проценти во споредба со четвртиот квартал од 2025 година.

– Генерално, пазарот на закуп на станови останува стабилен со умерени промени по региони – велат од Катастарот.

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Двајца Срби и Македонец уапсени за планирање на платено убиство
Следно: 21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

Поврзани вести

912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани