Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен – најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби и 48% од вкупната вредност

Шеталиште 24/03/2026 09:15
20260324094618_big_730x400_38

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности.

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%.

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така, имаат и највисоки просечни цени на становите од 1.692 евра/м²;  1.558 евра/м² и 1.419 евра/м²

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра.

Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.

Во 2026 година се прогнозира умерен раст со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6% во споредба со 2024 година.

Регистрирани се 23.470 трансакции (купопродажби) што претставува раст раст од 4%, како и 9.911 закупи, што е зголемување за 17% во однос на претходната година

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9% во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Земјоделското земјиште и шумите учествуваat со 31% во вкупни от број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14% бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36%, во споредба со претходната година.

Куќите учествуваат со 13% во вкупниот број на купопродажби, со забележан раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37%.

Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри. Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414 трансакции, Аеродром 1.963 трансакциии, Карпош 1.791 трансакции.

Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, а највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар 31%, додека во Охрид има пад од 4%.

Пазарот на закупи во 2025 година бележи вкупна месечна закупнина со вредност од 4 милиони евра.

Во вкупниот број на закупи (9.911), најголемо учество имаат – становите со 35% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15% во споредба со претходната година, потоа следат деловни простори со 34% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24% во споредба со претходната година. Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување.

Извештајот претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година, е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Република Северна Македонија за 2025 година, а анализата е базирана на официјални податоци од Регистарот на цени и закуп нини. аа/сст/

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси
Следно: Хелиумот поскапува, под удар микрочиповите и медицината

Поврзани вести

20260414195905_big_730x400_93
  • Македонија

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

Шеталиште 15/04/2026 07:25
dozd-cador-1
  • Македонија

Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Шеталиште 15/04/2026 06:05
mickoski2-660x490
  • Македонија

Премиерот Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените деривати

Шеталиште 14/04/2026 11:56
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани