Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Пановски: Хантавирусот постои со векови, но не се шири лесно меѓу луѓе

Шеталиште 08/05/2026 10:04
sin_nombre_hanta_virus_tem_phil_1136_lores.jpg-800x450

Пред пет дена, кластер од патници со тешка респираторна болест на крузер бил пријавен во Светската здравствена организација (СЗО). Бродот превезувал 147 патници и членови на екипажот, а заклучно со 4 мај, идентификувани беа седум случаи (два лабораториски потврдени случаи на хантавирус и пет сомнителни случаи), вклучувајќи три смртни случаи, еден критично болен пациент и три лица со благи симптоми. Почетокот на болеста бил помеѓу 6 и 28 април 2026 година и се карактеризирал со треска, гастроинтестинални симптоми, брза прогресија кон пневмонија, акутен респираторен синдром и шок. СЗО соопшти дека епидемијата се менаџира преку координиран меѓународен одговор кој вклучува детални истраги, изолација и третман на случаите, медицинска евакуација и лабораториски испитувања.

Хантавирусот е еден од најстарите вируси и многу епидемии во минатото биле поврзани токму со овој вирус. За каков вирус станува збор, од кога постои, какви симптоми дава, дали сме во опасност? На овие прашања одговор побаравме од проф. д-р Никола Пановски, микробиолог и професор на Медицинскиот факултет.

„Болеста постои со векови, но пишани се епидемии се онаа во Русија од 1912 година, како и онаа во 1954-55 година за време на корејските војни, во која заболеле неколку илјади војници. Тогаш го има добиено името, по една река Ханта во Јужна Кореја. И тогаш било докажано дека се работи за вирус, а во 1976 година за прв пат од глодар е изолиран вирусот, односно за прв пат е виден на електронски микроскоп. Хантавирусот припаѓа на Bunyaviridae, голема група на РНК вируси и тоа е единствен вирус од таа фамилија која не се пренесува со инсекти. Сите останати членови на таа фамилија се пренесуваат преку инсекти. Ова е единствен вирус кој не е поврзан со инсект и кој може да се најде на целата земјина топка“, објаснува Пановски.

Предизвикува два типа на болести 

Како што објаснува проф. Пановски, станува збор за средно голем РНК вирус кој предизвикува две врсти на болести. Првата е ханта белодробен синдром и ханта хеморагична треска.

„Првата болест е ретка, но многу сериозна и ги зафаќа белите дробови, односно ги слепува алвеолите, а страда и срцето. Втората болест е посериозна и се манифестира со крварење од целото тело и бубрежен синдром, откажуваат бубрезите“, вели Пановски.

Болеста започнува со покачена телесна температура која трае една недела, а исто така како симптом се појавува главоболка, болки во телото, специфично во грбот, а ако се развие еден од двата синдроми, тогаш следуваат проблеми со белодробие или бубрези. Смртноста е од 1 до 15 отсто, што е екстремно високо ниво на смртност.

Не се знае дали луѓето се заразиле на крузерот или биле во инкубација 

За случајите на зараза со овој вирус на крузерот неизвесно е дали патниците се заразиле на бродот или веќе биле во инкубација (која трае од една до шест недели) кога влегле на бродот.

„Околу 150 илјади случаи на годишно ниво има од оваа болест. Случајот со крузерот привлече внимание бидејќи се случи меѓу богато население, да се случеше кај сиромашно население мислам дека ништо немаше да се знае. Начинот на пренос од човек на човек е повеќе теоретски, но во кабините на крузерот не е исклучена можноста да се случил пренос од човек на човек. Сега е најважно е да се открие жариштето. Ако има глодари во бродот, во прашината во воздухот го има вирусот, особено во воздухот каде што има исушен измет од глодари. Главно е да се види дали во крузерот има глодари како што има и во секој брод, или пак, луѓето биле инфицирани од надвор, што е помалку веројатно. Во секој случај, кога ќе појдат на копно нема да се опасни за околината“, вели Пановски.

Нема опасност од епидемија

Според професорот Пановски, нема опасност од ширење на вирусот.

„Ние сме блиску до ендемско подрачје кај што го имало тој вурус. Во осумдесетите години на минатиот век го имаше како епидемија во Косово и во Црна Гора. Онаму каде што има проблем, треба да се преземат мерки бидејќи ако глодарите не се фатат на време, луѓето ќе бидат поизложени на вирусот. Ако се јави болеста односно ако има некое жариште, треба да се направи дератизација и дезинфекција, има начин да се контролира. Вакцина има во Кореја, но не гледам причина луѓето да се вакцинираат“, смета Пановски.

Според информациите на Црногорскиот Институт за јавно здравје, на крузерот има државјани на Црна Гора, но и од 87 други земји меѓу кои Велика Британија, Шпанија, Франција, Германија, Грција, Белгија, Полска, Ирска, Турција, Соединетите Американски Држави, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Аргентина, Јапонија, Филипини, Русија, Украина, Индија, Португалија, Гватемала и Холандија. Но, оттаму немаат информации дали меѓу заболените или оние со благи симптоми има црногорски државјани.

Летото 2017 година во Македонија од Ханта вирус починаа татко и син од селото Симница, гостиварско. Тогашниот министер за здравство, Арбен Таравари ја смируваше јавноста откако се појави паника, велејќи дека вирусот не се пренесува од човек на човек, туку најчст преносител е полскиот глушец.

 

 

 

 

фото: википедија

извор: мета.мк

Continue Reading

Претходно: Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ
Следно: Полиција во цивил ќе го чува училиштето „Стив Наумов“ во Битола — заканите од седмоодделенецот го вклучија алармот

Поврзани вести

Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

Шеталиште 15/06/2026 09:04
Moj-DDV-naslov
  • Македонија

„Мој ДДВ“ со технички проблеми: Граѓаните повеќе од три дена не можат да скенираат фискални сметки

Шеталиште 15/06/2026 08:44
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија 723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

15/06/2026 16:26
Се зголемува цената на горивата gorivo-pumpa-750x350-2 2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

15/06/2026 12:16
Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово Bebe 3
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

15/06/2026 12:14
Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki 4
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

15/06/2026 11:25
Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра 854d08dd-2258-447c-9846-f4c1cd23e648 5
  • Македонија

Австриец се обидел да прошверцува 25.000 евра, казнет со 7.500 евра

15/06/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

723641515_1335367995391663_4665915647063047124_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Младинската репрезентација на Макеоднија ги започна подготовките за ЕП во Романија

Димитар Петковски 15/06/2026 16:26
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Се зголемува цената на горивата

Шеталиште 15/06/2026 12:16
Bebe
  • Прилеп инфо

Прилепчанка си го удирала тримесечното бебе од асфалт во Тетово

Шеталиште 15/06/2026 12:14
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани