Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

ПАРИ: Интервју со Никола Јошевски: Фокусот на финансиските друштва веќе не е квантитетот, туку квалитетот и довербата

Шеталиште 21/01/2026 11:54
Pari_Intervju_Joshevski_2-1

По периодот на брз раст, небанкарските финансиски друштва во Македонија во 2025 година влегоа во фаза на консолидација, професионализација и созревање. Фокусот се префрли од квантитативен раст кон квалитет, со поголем акцент на транспарентност, подобри внатрешни процедури, заштита на потрошувачите и усогласување со европските стандарди.

Како што вели претседателот на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, Никола Јошевски во интервју за ПАРИ, 2025 година претставува пресвртна точка за секторот.

ПАРИ: Дали 2025 година е поразлична за финансиските друштва од претходните години? Дали имаше напредок?

НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: 2025 година претставува пресвртна точка за финансиските друштва – од брз раст кон созревање и консолидација на секторот. По години на раст, акцентот се премести кон квалитет на услугите, зајакнување на интерните контроли, подобрување на етичките стандарди и усогласување со построгите регулаторни барања. Секторот продолжи да се унапредува, особено во делот на дигитализација, транспарентност и корисничко искуство.

Регулативата, вклучително измените од претходните години, засилениот надзор од Министерството за финансии, како и воведувањето на Етичкиот кодекс во јуни 2025, донесоа поголема дисциплина и ред.

Сето ова придонесе за издвојување на посериозните и одговорни играчи, намалување на бројот на друштва (од околу 35 во 2022 на 26 во 2025), зголемена доверба кај јавноста и позиционирање на македонската регулатива меѓу најстрогите во регионот и Европа.

Напредокот е евидентен и тоа преку подобрено управување со ризици, стандардизирани процеси и фокус на одговорно кредитирање без презадолжување.

Целиот текст прочитајте го тука.

Автор: Р.П.

Continue Reading

Претходно: Екипите на ЈП „Комуналец“ – Битола ги расчистуваат пристапните патеки за пешаците
Следно: Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
onlajn-pazaranje-pxb-1
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

Шеталиште 14/07/2026 10:08
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани