Фудбалскиот клуб Пелистер денеска го засили тимот на левата бековска позиција со интернационалецот од Србија, Милан Србијанац. Дефанзивецот има 27 години и последно настапуваше за Железничар Инџија, а кариерата ја започна во матичниот клуб Инџија, со настапи и за Кабел, Раснички Срем и Графичар.
Битолчани денеска заминаа на подготовки во Анталија, каде ќе го одработат главниот дел од зимската програма, со новата енергија и искуство на Србијанац во одбраната.

