Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер за прв пат победи пред битолчани во ПМФЛ оваа сезона

Димитар Петковски 09/11/2025 16:30
FB_IMG_1762704067686

Битолски Пелистер победи во второто и третото коло од ПМФЛ, по пауза од десет кола или вкупно 77 дена, повторно се враќа на победничките патеки, славејќи против истиот противник од второто коло со 1:0 екипата на АП Брера.

Ова е прв триумф на ФК Пелистер на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола затоа што гореспоменатите натпревари беа на гостински терен и тоа (против АП Брера), а другата (против Шкупи) се случи кога екипата беше домаќин на стадионот во Кавадарци, бидејќи нивниот стадион се реновираше.

Како што во повеќе наврати се виде во последните мечеви, битолскиот тим најчесто создава шанса од прекин на играта или од шутеви и центаршутеви од далечина, па така и овој пат го започнаа натпреварот: првата шанса дојде по центаршут на Мрмачовски, кога Петковски биеше со глава, но преку голот, за подоцна Булатовиќ од работ на теренот и покрај двајца чувари да го пронајде Керим во казнениот простор (меѓу четири противнички играчи) за овој со глава да го постигне водечкиот гол, кој всушност ја одлучи и средбата.

 

Струничани во првиот дел имаа само еден удар кон голот на Јовчевски, а шутот го упати Нзенге. Истиот играч во вториот дел успеа да ја затресе мрежата на Пелистер, но голот беше поништен поради недозволена позиција. Пелистерци својата иницијатива најмногу ја претвори во освоени удари од аголот, а повеќе играчи се најдоа во полу шанси при вакви ситуации. Дефанзивецот Здравковиќ се закани на два пати кон крајот на првиот дел, додека Стефан Спировски имаше иста шанса, но неговиот удар со глава по корнерот отиде над пречката. До крајот можат да се спомнат уште две шанси: центаршут на Ристевски до Петковски кој биеше во голманот, како и удар на глава од Белиќ по корнерот што го изведе Спировски.

На денешниот меч, битолскиот клуб повеќе ја посакуваше победата, играчите го дадоа свој максимум и успеаја да го контролираат овој важен натпревар. Апатичната игра на АП Брера беше казнета во овој случај, а новите три бода му даваат живот на Пелистер во борбата за опстанок, особено по поразот на директниот ривал Тиквеш од Вардар, во вториот првенствен натпревар одигран денеска во Скопје.

Во следните три кола, битолчани играат клучни мечеви за опстанок против екипите на: Работнички, Шкупи и Арсими.

Фото Пелистер фк/ффм

Continue Reading

Претходно: Премиера на документарниот филм „Мојот вујко Стив Наумов”
Следно: Битолчанец со олдтајмер „Фолксваген“ комбе помина 3.000 километри до Сардинија

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
Screenshot_20260508_120921_Facebook
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Селекторот Лазаров објави со кои 20 ракометари ќе атакува на Словачка за пласман на СП 2027!!

Димитар Петковски 08/05/2026 10:10
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани