Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер и Силекс одиграа без голови во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ

Димитар Петковски 06/03/2026 09:09
FB_IMG_1772788127452

Пелистер и Силекс одиграа 0:0 во дуелот од претпоследното 21. коло на ПМФЛ.

Домашните оптоварени од психолошката важност на мечот кој има свое влијание во борбата за опстанок, фрлија сѐ на картата да направат почетен притисок и да постигнат брз гол со кој би го скршиле отпорот на гостите, за кои овој меч не носеше посебна резултатска мотивација.

Сосема спротивно, тие покажаа сила да одолеат на првичниот притисок, а во вториот дел ја преземаа иницијативата и почнаа да создаваат шанси за гол.

Во првиот дел имаа два сериозни обиди за домашните најпрво Булатовиќ со глава, а вториот по асистенцијата на Бошковски, но непрецизно. Ангелевски се обиде соло продор, но успеа да изнуди само корнер по шутот по средина на шеснаесетникот. Васоски направи повеќе измени во вториот дел и Силекс „живна“ заканувајќи се сериозно во 62 минута, кога Мирчевски имаше ситуација да го отвори резултатот, но голманот Јовчевски покажа и храброст и зрелост, па со својата интервенција ја сочува мрежата.

Иницијатива донесе нова шанса во 82 минута, кога Мигуел Пиреш во опасен контра напад продолжи сам очекувајќи пенал поради парадата на Јовчевски, но факт е дека на спротивната страна имаше слободни соиграчи кои можеа да реализираат.

 

Битолчани успешно парираа на уште еден тим од „големата четворка“, за разлика од претходниот дуел со Шкендија во Тетово, изостанаа шансите во второто полувреме. По корнерот на Србијанац еден непрецизен удар на Керим само измами воздишки, а исто така и едно успешно проигрување од Гроздановски во 84 минута остана без соодветна реализација. На самиот крај, Силекс изнуди неколку корнери, но изостанаа шансите за гол.

Силекс со овој бод има 39 поени и останува на четвртата позиција.

Пелистер со 21 поен останува во последните три на дното на табелата, со Македонија ЃП и Арсими како директни ривали во борбата за опстанокот.

Во 22 коло Пелистер ќе гостува кај Тиквеш, додека Силекс е домаќин на Вардар.

Continue Reading

Претходно: Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
Следно: Трагедија кај Битола: Во сообраќајна несреќа загина вработен во ЦУК

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
FB_IMG_1791098665935
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

„Конзулите“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мали Лошињ во Хрватска

Димитар Петковски 04/10/2026 09:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани