Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Пелистер победи против Шкупи во Струга во одложениот меч (Видео)

Димитар Петковски 25/11/2025 15:03
FB_IMG_1764082354578

Четврта победа за Пелистер во оваа сезона од ПМФЛ, изразена со три гола во мрежата на Шкупи.

Интересно да се напомени е дека за време на мечот во Струга , непосредно по почетокот на второто полувреме, кучето влета на теренот, поточно покрај клупата на Пелистер на што, не’ следеше прекин туку еден од играчите на Пелистер го проследи пријателски кучето кон излезните врати на стадионот.

Битолскиот клуб ја презема иницијативата од самиот почеток, но непрецизноста беше главната одлика на создадените шанси. Здравковиќ успеа да ја затресе мрежата на Шкупи во петтата минута, но голот беше поништен преку ВАР одлука со констатиран офсајд.

Офанзивната игра на битолчани донесе сериозни шанси, првично Спировски во 12 минута, потоа и по проигрувањето на Миленковски и Петковски, со правовремени интервенции на Гроте. Во 20 минута и продорот на Мрмачовски не донесе опасност, првично битолчани сами искомплицираа, за потоа шутот на Марјан да биде лесен плен.

 

На спротивната страна Шкупи имаше сериозни шанси во акциите од 24 и 28 минута, кои не беа реализирани од Шуку и Муарем, а кои можеа да му дадат сосема поинаков тек на мечот.

Второто полувреме донесе зголемена ефикасност и конечна реализација на шансите во погодоци, со што беше решен и победникот во натпреварот. Пелистер повторно почна офанзивно, првата шанса ја имаше во 47 минута, кога три пати во еден напад се обидоа да поведат, но Булатовиќ, Керим и Ристовски не успеаја да ги совладаат Гроте.

https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/11/20251125_143335.mp4

Во следниот напад на спротивната страна сето ова можеше да биде казнето, но голот на Муарем беше поништен поради игра со рака.

Во 58 минута конечно водство за битолчани, во акцијата што ја започна Спировски, а потоа Булатовиќ го проигра Петковски, кој донесе водство. Единствена шанса во овој дел од мечот за Шкупи беше еден шут на Шуку, по корнерот на Рибеиро. На спротивната страна, повторно Спировски од прекин на играта се закани во 73 минута, но беше добиен само корнер. И него го изведе Спировски, а на првата статива Керим само малку ја допре топката, за потоа Ристовски да реализира со глава за 2:0.

Третиот погодок дојде во 81 минута, кога Лука Булатовиќ беше оставен сам на десниот агол од шеснаесетникот, па се одлучи за шут кој го изненади нововлезениот Сефер, со што беа поставени конечните 3:0.

Со новите три бода Пелистер е на десетто место, има вкупно 14 поени и се изедначи со Македонија ЃП, која е деветто пласирана со идентичен учинок, но еден гол подобра гол разлика. Овие два клуба ќе се сретнат во меѓусебен дуел што треба да се игра на теренот на битолчани веќе во сабота на 29 ноември, во натпревар кој може да биде пресуден во борбата за опстанок.

Фото видео МРТ / ФК Пелистер

Continue Reading

Претходно: ФК Пелистер со победнички менталитет гледа кон денешниот дуел со Шкупи
Следно: Директорката на „Завод и музеј“ Битола си го укинала работното место и си отворила ново едно ниво повисоко

Поврзани вести

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани