Тимот на Пелистер предводен од повратникот на клупата, Мане Секуловски ја победи Шкендија на гостински терен во Тетово. Ова 25. коло од ПМФЛ шампионатот, денеска ни донесе прекинување на серијата без победи на ‘зелено-белите’, и со головите на Спировски и Керим во судиското продолжение славеше над шампионот Шкендија со 2-1.
За битолчани овие бодови против фаворитот можеби значат надеж повеќе кон дефинитивен опстанок или можеби шанса во плејаутот да го задржат местото во ПМФЛ и наредна сезона.
Мане Секуловски,со камбек во својот Пелистер на клупата, успеа со победа против ‘големата’ Шкендија да му донесе радост и славје на битолчани и нивните верни Чкембари.
Следен натпревар е големото вечнодерби против Вардар во Битола.

