Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Економија

Пензионерите во странство останаа без линеарното зголемување на пензиите, одлучи Уставниот суд

Шеталиште 25/02/2026 15:55
1-denari-pari-1

Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, но мнозинството судии одлучи дека не се исполнети условите за постапка, истакна претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Судијата известител Осман Кадриу, кој бил за поведување постапка, образложи дека овие одредби воведуваат дискриминација меѓу пензионери кои живеат во земјата и оние надвор од неа.

-Неважно е дали пензионерите живеат во нашата држава или во друга, тие правото на пензија треба да го остваруваат вклучувајќи ги сите зголемувања. Со овие одредби кои се проблематизираат навистина застанавме на стојалиште дека на нашите пензионери надвор од државава им се скратува правото на зголемувањето на пензиите и сите усогласувања, нагласи Кадриу, додавајќи дека одредбите се спротивни на уставните принципи за еднаковост, забрана на дискриминација и социјална правда, како и на Европската конвенција за човекови права.

Мнозинството, според Костадиновски, смета дека пензионерите се во иста правна, но различна фактичка состојба, па нема повреда на член 9 од Уставот.

-Ова е социјална, временска мерка за ублажување на инфлацијата и трошоците за живот во земјата, надградба на стечените права, а не нивно задирање, објасни претседателот на Уставниот суд, нагласувајќи дека по истекот на периодот законското усогласување на пензиите повторно ќе важи за сите.

За измените на Кривичниот законик, Костадиновски изрази критичност кон законодавецот кој пропуштил рок поставен од Судот.

-Собранието мора да покаже уставна дисциплина. Или ќе се заложиме за владеење на правото, или ќе глумиме правна држава, предупреди тој.

Судот констатирал усогласување со формалната уставност, но смета дека новото решение е „далеку од идеално“, иако подобро од претходното.

-Во три години имаме четири правни режими. Каква е тоа правна сигурност, праша Костадиновски, додавајќи дека постапката е запрена за да не се создаде правен вакуум и да се овозможи санкционирање на злоупотреби на јавни средства.

Судијата Кадриу потсети дека формалните процедури се почитувани, но материјалниот дел не е целосно усогласен со одлуката на Судот.

Костадиновски додаде дека Судот поништи два правилника на Општина Гостивар, вклучително и оној за сообраќајни знаци, налепници и сигнализација „НМК“.

-Поништувачката одлука значи дека дејствијата се сметаат како да не се случиле, знаците ќе се вратат на претходна состојба или ќе се донесе нов правилник, појасни претседателот, истакнувајќи дека ефектот е за враќање на уставноста. 

 

 

 

 

 

Фото: Архива

Continue Reading

Претходно: Обвинителите против запирање на растот на платите – добиваат од 1500 до 2100 евра, но велат дека се најниски во регионот
Следно: Прилеп ја продолжува соработката со Европската Унија за проекти за развојот на градот

Поврзани вести

nafta-1
  • Економија

Нафтата поскапе по новите американски удари врз Иран

Шеталиште 08/07/2026 07:03
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Од ноќеска дизелот ќе биде поскап за два и пол денари, а бензините за еден денар

Шеталиште 06/07/2026 12:13
sobranie
  • Вести
  • Економија
  • Македонија

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

Шеталиште 04/07/2026 08:23
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани