Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пензионерите се во ризик, фондот е празен, предупреди Флипче

Шеталиште 29/11/2025 13:38
Filipce

Хаосот во пензискиот систем, нестабилноста на фондот и неизвесноста дали ќе има редовна исплата на пензии во следните месеци се резултат на лошите политики и лагите на Владата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција посветена на економските и социјалните проблеми.

Сакам јасно да им порачам на пензионерите, нестабилноста на пензискиот фонд, која што во моментот е создадена за само година и пол владеење, неизвестноста дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвестност дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии во следните месеци е резултат на лошите политики, на лагите и манипулациите на премиерот и владата во моментот, истакна Филипче.

Тој предупреди дека пензискиот систем е доведен на работ на колапс.

-Долговите во фондот денеска изнесуваат една милијарда евра. За 2026 година ќе бидат потребни 62 милијарди денари за исплата на пензии, двојно повеќе од потребните средства во 2023 година, истакна Филипче.

Тој обвини дека повеќе од половина од средствата за пензии не доаѓаат од фондот, туку се субвенционираат од буџетот. Според него фондот ги нема парите и дека се поставува прашањето, каде се придонесите на работниците и каква е сигурноста за идните пензионери.

Филипче потсети дека во времето на СДСМ пензиите се усогласувале 50 проценти со инфлацијата и 50 отсто со растот на платите.

-Доколку се продолжеше со овој систем, над 92 проценти од пензионерите сега ќе добиеја поголемо зголемување од она што го носи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Филипче.

Тој ја нарече ситуацијата политичко лицемерие и манипулација и нагласи дека одржливоста на фондот е нарушена, а сметката е празна. Предупреди дека дополнително се должат 10 милијарди денари кон заостанати обврски и дека Владата мора да престане да се крие зад лаги и да понуди реални решенија

Филипче предупреди и за дискриминација кон пензионерите кои живеат во странство, најавувајќи нови тужби и трошоци за државата.

-Престанете да напаѓате и да се приплеткувате во сопствената кал. Хаосот се должи само на вашата неспособност и немањето грижа за граѓаните, порача претседателот на СДСМ.

Филипче, денеска остро ја критикуваше Владата и за, како што рече, хаосот во енергетскиот сектор и драматичниот пад на странските инвестиции. Според него, производството на електрична енергија е на историски најниско ниво.

-Енергетскиот биланс за 2025 предвидуваше 5.100 гигават-часови, а според извештаите на МЕПСО и МЕМО само до октомври се произведоа само 2.450, односно на неполни два месеци до крајот на годината неполни 50 проценти од планираното, истакна Филипче и предупреди дека ЕСМ работи како половина од хидроелектричниот потенцијал на земјата.

Тој обвини дека поради ниското производство, државата купувала струја по многу повисоки цени. Дека производството ако реално чинело 85-90 евра за мегават-час, Владата  ја купила струјата за 140 евра. Според него потрошени се 62 милиони евра народни пари и дека тоа ќе доведе до поскапување на струјата.

-И што следува. Нормално, поскапување на струјата. На новиот тендер за следната година, цената на струјата што ја понудила ЕСМ на ЕВН за домаќинствата расте од 62 на 65 евра. Значи, има раст на цената на струјата, а растот на цената на струјата повлекува раст на сите други цени во државата, предупреди Филипче.

Во делот на инвестициите, Филипче посочи на драматичен пад и рече дека кога СДСМ бил на власт, странските директни инвестиции биле 800 милиони евра, а сега, за девет месеци биле околу 200 милиони.

Тој предупреди дека големи компании затвораат фабрики, а уште неколку, додаде, се подготвуваат за заминување. Порача дека бизнисот бара предвидливост и стабилност.

Фото: СДСМ

Continue Reading

Претходно: Филипче: Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ
Следно: ВМРО-ДПМНЕ: Филипче заборава дека тие на пензионерите им даваа симболична сума од стотина денари

Поврзани вести

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани