Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени азбестни честички во воздухот

admin 19/03/2025 00:00
DSC_9216-1024x683-1

Пеплосаната дискотека „Пулс“ ослободи канцерогени честички од азбест. Оние граѓани на Кочани кои што се наоѓале во близина на објектот, тимовите што ќе учествуваат во отстранувањето на остатоците од градбата, увидните тимови и луѓето што кобната ноќ на 16 март успеале да избегаат, мора да се прегледуваат редовно, апелираат лекарите со кои зборуваше „Слободен печат“. Самиот материјал не може да изгори ни да се стопи и претставува еден од најогноотпорните материјали.

Проблемот настанува кога азбестот со кој бил изграден покривот и дел од конструкцијата во импровизираниот објект „Пулс“ се разградува, како што било случај со изгореното кабаре без лиценца. Тогаш влакната од кои е составен азбестот се пренесуваат во воздухот, но не може да се видат со голо око. Сите шест форми на азбест Светската здравствена организација ги оцени како канцерогени. Азбестните влакна од сронета, разградена азбестна површина може да останат во воздухот со денови, пред да паднат на земјата. Тие се толку мали и лесни, што со самото движење може да се разлетаат повторно. Станува збор за многу специфичен, сензитивен материјал.

– Кај нас во Австралија се прави скрининг на сите што некогаш биле во контакт со азбест за време на работен однос. Многу е опасен. Работниците не смееме да ги тераме да работат околу азбест што веќе се распаѓа, освен со специјални заштитни костуми – изјави за „Слободен печат“ менаџерка-инженер, која работи на градежни проекти во Австралија со години.

Таа додаде дека доколку азбестот се заменува со друг материјал, сите што се во близина го дишат и затоа треба да се постави мониторинг за да се измери концентрацијата заради безбедноста на оние што го отстрануваат од теренот. По употребата, работничката облека се става во специјални вреќи и не смее да се допира без специјални ракавици. Откако азбестот ќе биде подобен за отстранување, треба да се отстрани со целосна заштитна опрема, со посебни ракавици, а треба да има просторија за деконтаминација. Така е во Австралија.

-Азбестот е штетен за луѓето што се долгорочно изложени на него и тогаш доведува до мезотелиом, што е најтежок облик на рак на обвивката на белите дробови. Втората болест до која доведува е рак на белите дробови. Третата е азбестоза што претставува слепување на алвеолите во белите дробови и тешко дишење. Изложеноста била кратка, но не можеме да оцениме колкаво е загадувањето што азбестот го направил додека луѓето биле внатре – ни рече доктор Трајковски.

Трајковски додава дека во 2005 година низ цела Европа е воведена забрана за азбестот во градежништвото и тогаш почнуваат да се формираат служби што го отстрануваат и го транспортираат од објектите. Нивните системи за заштита се т.н. хазмат системи. Докторот смета дека по пожарот не би можеле да се во опасност сите жители на Кочани, туку медицинско следење поради азбестот треба да има само за присутните во „Пулс“ во критичната ноќ.

Професор доктор Мери Цветковска од Градежниот факултет при УКИМ од Катедрата за механика и материјали за „Слободен печат“ рече дека не се точни наводите во медиумите дека азбестот изгорел.

-Тој е токсичен тогаш кога е разграден. Не е горлива покривка, туку спаѓа во материјалите што се негорливи, со висока класа „а-1“. Не испушта чад и топлина, но од топлината може да се скрши, а при кршењето влакната што ќе ги испушти кога се разградува се канцерогени. Има посебни, специјални тимови што треба да ги спуштат таблите, да ги транспортираат во посебни депонии. Додека е во цврста и здрава плоча, азбестот не е опасност, но кога ќе почне да се раздробува, тие ситни влакненца се опасни и затоа се транспортира на посебно уреден начин, со специјални камиони, со заштитна опрема – објасни професорката Цветковска за „Слободен печат“.

Во земјава има правилник за минималните барања за безбедност и здравје на вработените од ризиците поврзани со изложување на азбест при работа. Станува збор за стар правилник, објавен во Службениот весник уште во 2009 година. Со правилникот се бара работодавачите да не ги изложуваат вработените на концентрација на азбест во воздухот поголема од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек.

Експертите кои учествуваат во транспортот на азбестните остатоци во различни објекти, а со кои разговараше „Слободен печат“, апелираат државата сериозно да се постави при расчистувањето на теренот и да ангажира лица кои се обучени.

-При транспортирањето, плочите од азбест се ставаат на палета со димензии 120 на 180. Градежни фирми ги демонтираат таблите, се редат 20 или 30 од нив, потоа задолжително врз нив се става заштитна фолија и се врзуваат за да не лета прашината и се носат до депонијата Дрисла, која трајно ги вкопува во сериозни ископи. Тоа е решението по закон – ни рече експертот.

Работата со азбест вклучува многу строги правила кои што во правилникот се наведени, а меѓу нив клучна е опремата за заштита. И Правилникот за работа со азбест го потенцира ова. Во Правилникот е наведено дека вработените и нивните претставници кај работодавачите треба да имаат пристап до резултатите од мерењата на концентрацијата на азбест во воздухот и да можат да добијат објаснувања за тие резултати. Ако резултатите ја надминуваат вредноста од 0,1 влакно на кубен сантиметар измерени во однос на осумчасовен пондериран временски просек, тогаш засегнатите вработени и нивните претставници кај работодавачот се консултираат за мерките што треба да ги преземат.

Правилникот за работа со азбест упатува на здравствени проверки на луѓето што работат со него и водење поединечно здравствено досие за секој работник. Исто така, се води и евиденција на временската изложеност во просториите каде се работи во близина на азбест што е распаднат, а заштитни мерки се многу строги.

Извор: Слободен печат

Continue Reading

Претходно: Минималните плати во ЕУ значително пораснале во последните десет години
Следно: Сопственикот на фирмата која раководела со „Пулс“ во Кочани однесен за Литванија

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани