Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства од сопствените извори на финансирање

Шеталиште 24/06/2025 19:30
Zlatko Perinski

Општините на годишна основа губат од 100 до 120 милиони евра, поради несоодветно собирање на средствата од сопствените извори на финансирање, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе има целосна децентрализација на општините, особено во делот на финансиите.  Тој напомена дека централната власт работи на процесот на дигитализарање на услугите на локално ниво, со цел да се зголеми и ефикасноста при наплатата, а со тоа и самото децентрализирањње.

– Едно е да зборуваме за децентрализација на надлежности, а друго е кога зборуваме за фискалната децентрализација, сега ќе го ставиме фокусот за фискалната децентрализација, бидејќи вашето прашање највеќе се однесуваше во тој дел. Како тема никогаш нема да ја затвориме. Процесот на фискална децентрализација има почеток, но нема крај. И секогаш треба да се разговара аргументирано со двете страни на власта, и на локално ниво и на централно ниво. Она што во моментот ние го имаме детерминирано како аномалија, тоа е дека во моментот просекот на наплата од сопствени извори на финансирање од страна на локалните самоуправи е нешто повеќе од 50 проценти. Или да бидам попрецизен. На годишна основа, општините губат од 100 до 120 милиони евра, затоа што несоодветно си ги собираат сопствените извори на финансирање, нагласи Перински на панел-дискусија по повод една година Влада, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Вториот аспект, како што посочи Перински, е тоа што поради немање доволно финансиски потенцијал, општините не можат да ги извршат активностите во рамки на нивните надлежност, кои се резулат на поголемата децентрализација.

-Затоа ние секогаш како централна власт сме отворени да разговраме со општинте, но од друга страна исто така и локалните самоуправи треба да го зголемат својот перфоманс во наплатата на сопствени извори на финансирање. Што ние во изминатиот период направивме, дектектирајќи ја оваа аномалија. Заедно со мојот колега Стефан Андоновски од Министерството за дигитална трансформација земавме обврска пред се да ги дигитализираме услугите од општините кон граѓаните и да ги закачиме на единствениот национален портал uslugi.gov.mk. Во втора фаза се внатрешните процеси во рамки на дневните активности на вработените и на администрацијата на локалната самоуправа, рече Перински.

Нагласи дека паралено со овие два процеса од централно ниво се ажурира базата на даночни обврзници на локално ниво, со цел општините да имаат ажурирана база на даночни обврзници и наплата на данок да се врши по електронски пат, а со сето тоа, како што рече „ќе се превенира субјективитетот на градоначалникот, кога и на кого ќе издадам даночно решение или кога и на кого нема да издадам даночно решение“.

Додаде дека во моментов има примери на навистина успешни градоначалници, коишто собираат сто отсто од сопствените извори на финансирање, но има и градоначалници кои што девет, десет години немаат изадено ниту едно даночно решение.

Continue Reading

Претходно: Усвоени измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
Следно: Перински: Слабостите откриени, работиме на подобрување на состојбите во кои се наоѓаат локалните самоуправи

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
klekovski-aliu-696x463
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Шеталиште 14/07/2026 10:25
Elektricen-trotinet
  • Македонија

Од денеска само полнолетни ќе смеат да возат електричен тротинет

Шеталиште 14/07/2026 10:06
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани