Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Перински: Слабостите откриени, работиме на подобрување на состојбите во кои се наоѓаат локалните самоуправи

Шеталиште 24/06/2025 20:00
Perinski

Ресорот кој јас во моментов го предводам, во минатото беше ресор кој беше оставен на маргините на функционирањето на Владата и најчесто се користеше можеби за „поткусурување“ на коалицискиот капацитет и потенцијал на минатите влади, а третира една тематика која е суштинска за сите наши граѓани затоа што ова е ресорот кој треба да ги детерминира поликите кои се однесуваат на локален и регионален развој, соопшти денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински на панел-дискусија по повод една година Влада, „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“.

Тој информира дека е задоволен затоа што изминатиот период успеале да ги пронајдат сите аномалии кои во минатото не се спроведувале и додаде дека не се креирала политика.

– Минатата влада го имаше оставено ресорот без степен на развиеност на регионите, што на некој начин е и кршење на закон. Така во 2024 година во Македонија ние немаме степен на развиеност на регионите и тоа детерминира други проблеми, со кои на некој начин се справивме. Веќе имаме степен на развиеност, кој се однесува на петгодишен период и врз основа на тие податоци можеме соодветно да алоцираме средства од централниот буџет на регионално ниво, рече министерот Перински.

Информира дека во моментов работат на тоа да најдат и постават критериуми кои ќе го мерат степенот на развиеност на локално ниво. Како држава и ресор, како што рече, е поразително да не можеме да имаме утврдени критериуми по кои ќе се мери задоволството на граѓаните од перформансите на еден градоначалник и врз основа на тоа да знаеме која општина до кој степен е развиена.

Потенцира дека ова е ресор кој опфаќа регионален развој и на крај недоволно посветување внимание кон овој ресор неминовно ќе доведе до состојби во кои сега се наоѓаме – генерално концентрација на жителите на Македонија во поголемите урбани центри, а иселување од помалите и рурални средини.

-Поради сите овие работи кои во минатото не се спроведувале, како Влада се одлучивме интервентно да делуваме во насока на помош и поддршка на локално ниво преку потпрограмата А и преку прв и втор јавен повик. Кога ќе планирате да градите политики на рамномерен регионален развој не можете да кажете дека тие политики успешно ќе се спроведуваат доколку вас основата не ви е соодветно поставена, нагласи министерот за локална самоуправа. Најави дека оваа интервентна програмата ќе ги подобри состојбите во кои се наоѓаат локалните самоуправи.

Перински информира дека посетил многу општини, но некаде не бил примен од градоначалникот и затоа разговарал со Советот, советниците и граѓаните.

– Од првиот јавен повик одбравме и потпишавме 288 договори наменети за инфраструктура. Во вториот јавен повик досега имаме 887 поднесени проекти и и очекувам во следните десетина дена да ја затвориме постапката на евалуација преку ресорните министерства и веднаш по ребалансот на буџетот да може да ги склучиме договорите за да влезат локалните самоуправи во нивна имплементација, рече Перински.

Тој посочи дека во минатото со Националниот совет за рамномерен регионален развој координирал вицепремиер задолжен за економски прашања. Образложи дека Националиот совет за рамномерен регионален развој е тело кое е сублимат од сите нивоа на власт, од централна и локална власт, каде се носи одлуката во која насока ќе се инвестра и тоа го смениле, односно со тоа тело сега раководи министерот за локална самоуправа. Потенцира дека ова е значајна реформа.

– Покрај овие два јавни повици, преку Програмата за рамномерен регионален развој, која ја спроведува Бирото за регионален развој, орган во состав на министерството, доделивме 47 нови договори за 47 нови проекти за околу 116 милиони денари. Преку програмата за намалување диспаритети да доделиме 38 договорни за 38 проекти во висина од 88 милиони денари. Се трудиме да ја приближиме општината до граѓаните, истакна Перински. Додаде во моментов измените на Законот за локална самоуправа се во собраниска процедура и изрази надеж дека ќе биде поддржан од пратениците на СДСМ и ДУИ.

Најави дека за кратко време ќе биде оперативен и Ресурсниот центар, а по локалните избори ќе има биде на располагање на локалните самоуправи.

Continue Reading

Претходно: Перински: Општините годишно губат од 100 до 120 милиони евра поради несоодветно наплаќање на средства од сопствените извори на финансирање
Следно: Јаневска: МОН посветува внимание на инклузијата на учениците со посебни потреби

Поврзани вести

160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

Димитар Петковски 16/06/2026 09:34
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани