Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Петличковски: Нема простор за паника во врска со конго-кримската хеморагична треска

admin 15/08/2023 00:00
krlez

Нема место за паника, апсолутно ниту е потребна, ниту е продуктивна на некој начин, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, во врска со конго-кримската хеморагична треска од која во земјава се регистрирани три случаи.

По состанокот инициран од министерот за здравство Фатмир Меџити, во кој освен членовите од Комисијата за заразни болести учествуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Факултетот за ветерина и од центрите за јавно здравје од Штип и Велес, Петличковски информираше дека се работи за болест за која што како држава важиме за ендемско подрачје, а заклучоците од Комисијата, како што рече, се во насока на превентивни мерки.

– Информирање на населението и на здравствените работници на кој начин се добива болеста, размислување за оваа болест кога ќе има сомнителни случаи и брзо процесирање, односно испраќање на сомнителните случаи до институциите, односно до одделите за инфективна патологија или до Клиниката за инфективни болести, рече Петличковски.

Тестови за оваа болест, како што кажа, во моментот има доволно, а дополнителна количина е нарачана и се очекува да пристигне.

– И терапијата којашто има некаков ефект, е достапна што значи дека колку што може да биде подготвена една држава за ваква ендемска болест, ние сме подготвени, истакна Петличковски.

Посочи дека оваа болест не се пренесува лесно, а пренесувањето е исклучиво по пат на каснување од крлеж кој што е заразен со вирусот.

– Крлежи има особено во летните месеци, а затоплувањето на глобално ниво исто така придонесува за нивна поинтензивна активност. Меѓутоа, не секој крлеж е заразен со некој вирус. Така што, не се забранува на луѓето да одат на отворени површи, но, кога ќе излегуваат треба да имаат предвид и да бидат заштитени, нагласи Петличковски.

Според него, риболовците, ловџиите и сточарите се најмногу изложени на оваа опасност, како и здравствените работници заради контакт со телесните секрети од заразените.

Состојбата на пациентите заразени со вирусот, како што информираше Петличковски, е добра.

– Болничарката е во сосем добра состојба. За неа кризата е помината и се очекува комплетно опоравување. Третиот пациент, рибарот од Велес е во добра состојба во моментов, меѓутоа има уште неколку дена во кои може да се случи промена. Се надевам дека тоа нема да дојде, и повторно доколку дојде до влошување на состојбата терапијата е тука. Така што, се надеваме на добар развој и тука, рече Петличковски.

Морбидитетот на болеста, како што рече, е сериозен, но, исто така, нагласи дека има различни видови на вирусот, од кои дел се поврзани со висока смртност, а некои со ниска.

– Откриваме дека стоката, животните во Македонија, се изложени на вирусот постојано. Значи не е тоа вирус што се појавил годинава, бидејќи истражуваат покажуваат дека некаде над 30 проценти од говедата, овците, козите се со прележан вирус, односно биле во контакт со вирусот. Меѓутоа немаме информации за хоспитализирани случаи од предизвикани од овој вирус, што значи дека вирусот е тука, меѓутоа, можно е поблагата варијанта да циркулира низ стоката, посочи Петличковски.

Комисијата бара и организирање на акциски план во кој ќе се направи проценка на преваленцата на наоѓањето, односно колку често овие крлежи ги има во различните региони по што треба да следува дезинсекција која се смета за клучна превентивна мерка за намалување на ризикот од појава на оваа болест.

Во однос на резултатите од анализите од заловените крлежи, тој рече дека сѐ уште немаат резултати, но, дека очекуваат таа мерка да се спроведува и во следните две-три недели со цел да се добие репрезентативен број, односно што повеќе заловени крлежи, за да можат да идентификуваат евентуално дали се тие заразени со вирусот.

Continue Reading

Претходно: „Декамерон“ – претстава за човековата кревкост но и за силата на човечкиот дух
Следно: Три Ер трактори го гасат пожарот кај прилепско Дебреште, уште е активен

Поврзани вести

20260218142536_big_730x400_59
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Шеталиште 18/02/2026 13:55
20260218084212_big_730x400_83
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

Шеталиште 18/02/2026 07:52
sv-agatija
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

Шеталиште 18/02/2026 07:48
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите Grcija-zname-tviter-1 1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

18/02/2026 14:18
Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години 20260218142536_big_730x400_59 2
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

18/02/2026 13:55
Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година FB_IMG_1771407291514 3
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

18/02/2026 09:38
На Попова Шапка 97 сантиметри снег 20260218084212_big_730x400_83 4
  • Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

18/02/2026 07:52
Денес се празнува Светата маченичка Агатија sv-agatija 5
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Агатија

18/02/2026 07:48

Можеби сте пропуштиле

Grcija-zname-tviter-1
  • Балкан

Грција под влијание на силни ветрови, одложени летови и блокирани линии кон островите

Шеталиште 18/02/2026 14:18
20260218142536_big_730x400_59
  • Македонија

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

Шеталиште 18/02/2026 13:55
FB_IMG_1771407291514
  • Битола инфо

Фото: Прогласени најдобрите спортисти во Битола за 2025 година

Шеталиште 18/02/2026 09:38
20260218090011_big_730x400_88
  • Останати

ЗОИ 2026: На пет дена до крајот, Норвешка убедлив лидер по освоени медали

Шеталиште 18/02/2026 08:06

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани