Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани
  • Филм

Петминутен аплауз за „Диџеј Ахмет“ – Златна камера 300 за Давид Шамбај

Шеталиште 27/09/2025 08:44
whatsapp-image-2025-09-27-at-09.04.24-1465x1080

Вчера заврши 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и по којзнае кој пат се почувствува неверојатна енергија меѓу филмофилите, филмските работници и сите што го сакаат големото платно. Беа доделени награди во повеќе категории, а дел од добитниците толку емотивно ја примија веста што едвај можеа да се обратат кон публиката.

Таков беше случајот со кинематограферката Олимпија Митилинају, која за филмот „Тивок живот“ ја прими наградата со солзи во очите. Апсолутниот победник, Воли Фистер, пак, беше посмирен и со насмевка изјави:

„Ние доаѓаме како вонземјани, доаѓаме од Холивуд и го најдовме овој мал град Битола за кој не знаев досега.“

Македонскиот Ханс Цимер – Кирил Џајковски, доби Златна ѕвезда за животно достигнување. Во своето обраќање истакна дека му е огромна чест што соработувал со македонски филмаџии од светски размери.

Но, вистинските ѕвезди на ова издание беа тимот на „Диџеј Ахмет“. Ариф, Ивана и малиот Агуш ја освоија салата со својата младост и скромност, предизвикувајќи ролеркостер од емоции и петминутен аплауз. За мене, тие се апсолутните победници. Уметноста е токму тоа – да те разниша, да ти го разбранува внатрешниот свет и да не можеш веднаш да се соземеш.

„Диџеј Ахмет“ е приказна за млад бунтовник кој со музика и искреност се бори за љубовта, испраќајќи силна порака до младите. „Аја вистина правиш лоша баклава,“ беше реплика од филмот која предизвика урнебесно смеење потврдувајќи дека искреноста е секогаш вистинскиот избор.

Иако со одредени пропусти, Манаки и оваа година покажа дека има своја магија – фестивал на кој не живееш вообичаен живот, туку денови исполнети со филмови, нови видици и многу луѓе кои имаат што да кажат. Честитки за селекторот Слаѓан Пенев за внимателниот избор и за Ана Василева која, како и секогаш, ѝ додаде посебен шмек на атмосферата пренесува Рацин.

Continue Reading

Претходно: Уште еден возач е приведен, овојпат во Прилеп: Дошол од Англија, заврши во станица со кривична пријава
Следно: Денеска е Крстовден! Голем празник за Христијаните и се верува дека ја открива иднината

Поврзани вести

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
20260818121839_big_730x400_72
  • Филм

Џони Деп во преговори за „Пиратите од Карибите 6“

Шеталиште 18/08/2026 11:34
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026 mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

08/09/2026 04:58
ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија stadion-3-1536x1024 2
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

07/09/2026 14:07
Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично 3policija-420x240-138854-1 3
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

07/09/2026 11:07
Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар gorivo-pumpa-750x350-2 4
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

07/09/2026 11:04
Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд znamee-1 5
  • Македонија

Утре е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

07/09/2026 07:58

Можеби сте пропуштиле

mazi-trening-14-photo-vangel-tanurovski-1024x659
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Четворица дебитанти на списокот на Миленкоски за ЕвроВолеј 2026

Димитар Петковски 08/09/2026 04:58
stadion-3-1536x1024
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФФМ за неколку денови ќе започне со продажбата на билети за Македонија – Швајцарија

Димитар Петковски 07/09/2026 14:07
3policija-420x240-138854-1
  • Регион

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично

Шеталиште 07/09/2026 11:07
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Ценовен шок на бензинските: Дизелот поскапува за шест денари, ќе се продава за 101 денар за литар

Шеталиште 07/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани