Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан
  • Вести

Петровска: Сто војници најрано утре ќе заминат за Словенија

admin 08/08/2023 00:00
picture-242-660x436-1

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за упатување на сто војници од различен состав во Словенија, кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава и тие ќе заминат најрано утре наутро, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак.

Нагласувајќи оти оваа трагедија во Словенија изминатите денови се користела за различни на видови шпекулации, изнесувања лаги и невистини во македонската јавност дека помошта доцни Петровска вели дека не сакале да прават пи-ар маркетинг од тоа.

-Меѓутоа еве дозволете да известам како течеше.

Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите стапивме во контакт и јас со мојот колега, премиерот, претседателот на државата и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка.

Од нивна страна ни беше одговорено дека штом ја направат анализата за тоа што им е потребно дека ќе бидат доставени барања и тие во текот на вчерашниот ден претпладне преку механизмот за помош и поддршка во вакви кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања.

Затоа и веднаш вчера изреагиравме, претседателот на државата во координација со началникот на Генералштабот и со мене, се разбира.

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме одлуката за упатување на сто војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката Армија и на словенечката држава, рече Петровска.

Министерката вели дека војниците се подготвени да заминат уште денеска.

-Во текот на попладнето заедно со началникот на Генерал-штабот ќе ги посетиме за да се увериме дека се подготвени и најрано утре наутро ќе заминат, а денеска во 12 часот на седница на Влада ќе ја донесеме и одлуката која што е формалниот дел од процедурата, вели Петровска.

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

-Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме.

Само како една информација, во барањето е наведено дека вкупно се бараат 200 војници, а Република Северна Македонија испраќа 50 проценти од побарувањата, додава Петровска.

За благодарноста што вчера Словенија ја упати до земјите кои и помогнале преку фотографија, на која не беше и Северна Македонија, Петровска рече дека процесот тече и додаде дека во наредниот период сигурно и нашето знаме ќе биде на таа фотографија.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини.

Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

Continue Reading

Претходно: Помош за Словенија преку Црвениот крст на РСМ, можност и за донации преку SMS пораки
Следно: Дневен хороскоп (08.08.2023)

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
atinabrodcinja
  • Балкан

Од атинското пристаниште Пиреас секоја година на одмор заминуваат 10,7 милиони луѓе

Шеталиште 14/07/2026 09:22
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани