Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе имаат шанса веднаш да се вработат во здравството, најави Таравари

admin 12/07/2024 00:00
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1

На петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството кај нас. Новина е и што на Медицински факултет е акредитирана програма на англиски јазик и ќе се започне со запишување на странски студенти, информираа денеска министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ.

– На петте најдобри студенти кои завршиле медицина во Скопје, во Штип и во Битола, ќе им дадеме шанса веднаш да се вработат, пред ова да влезе во закон. Се надевам наскоро ќе биде и дел од законот. Оваа година почнуваме со пет, идната година, се надевам, по 10 студенти од сите медицински факултети – изјави Таравари по средбата.

Најави и средба со приватните специјализанти, информирајќи дека приватните специјализации ќе се намалат за 50 отсто оваа година и приоритет ќе им се даде на специјализациите што недостасуваат.

– Пред сѐ, зборувавме за рационализација на специјализанти и специјалисти. Во државава има одредени специјалисти што се многу на број, а има такви кои се многу дефицитарни. Оваа година можеби ќе направиме мораториум на одредени специјализации – рече Таравари.

Предност ќе им се даде на патологија, онкологија, радиологија и анестезиологија, каде што има недостиг.

– Покрај рационализацијата на специјализациите, ќе направиме и промена на законот, како се финансираат, за Медицинскиот факултет да не трпи штета. Особено ми е драго дека со заеднички напори конечно петте најдобри студенти ќе ги задржуваме во државата – нагласи деканот Антовиќ.

Додаде дека интересот за студирање на Медицинскиот факултет во Скопје е огромен.

– Медицинскиот факултет е сѐ уште еден од факултетите кој сите квоти ги запишува во првиот уписен рок. Пред неколку дена е објавен конкурсот од страна на Универзитетот. Оваа година само за општа медицина ќе запишеме 200 студенти. Тоа што е новина е дека конечно ја акредитиравме програмата на англиски јазик. Ќе започнеме и со запишување на странски студенти кои ќе студираат на англиски јазик. Бројката за нив е исто така 200. Очекувам дека барем со педесетина ќе почнеме оваа година – изјави Антовиќ.

За големиот одлив на кадар, Антовиќ рече дека тоа е глобален проблем.

– Тоа е европски миграционен проблем. Кога ќе ја погледнете Германија, сигурно не е неразвиена земја. Меѓутоа, од Германија сите доктори, горе – долу, бараат работа во земји што се поразвиени од неа. Со тој проблем тешко ќе се справиме, особено откако се либерализираат политикиве на странските земји за примање на нашите доктори, но, ние треба да работиме локално, да ги подобриме условите, пред сѐ за вработување на дипломираните студенти. Ние немаме проблем со студентите, не ни заминуваат студентите, ни заминуваат дипломираните доктори. Медицинскиот факултет има мали ингеренции за вработување на тие доктори, но, мислам дека
заедно со Министерството за здравство сериозно ќе работиме на тие програми – подвлече Антовиќ.

Наскоро се очекува да се најде решение и за читалната која треба да биде на местото на модуларната болница во близина на Инфективната клиника.

– Се надевам наскоро ќе најдеме решение со Министерството за локална самоуправа да се тргне модуларната болница и таму да се направи читална. Да има предавални или амфитеатар. Да го подготвиме проектот – рече Таравари.

Continue Reading

Претходно: ДЗС потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“, се очекува нивно вклучување во гаснењето на пожарот во Неготинско
Следно: Сообраќајка на патот Градско-Прилеп: Се судриле комбе и автобус, повредени четири лица

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани