Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

Шеталиште 03/11/2025 10:34
Son of Salome 1

31 издание на Fashion Weekend Skopje powered by UniBank, поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес, во петтиот ден ја претвори салата на Diamond Mall – Carat во сцена каде модата зборуваше за дизајн, свест и етика.

Од разговорите за прифаќање и различност до ревиите што го слават модниот дизајн, вечерта покажа дека модата не е само облека, таа е јазик на вредности и културна промена.

Денот започна со панелот „Fashion Freedom – Stop the Bullying“, организиран од SIEC – Social Innovation and Entrepreneurship Center, во соработка со Македонската модна асоцијација, Меѓаши, Greener Association, Нова интернационална школа, Средното текстилно училиште „Партиенија Зографски“, Peace Corps и Белгиската стопанска комора.

Модериран од Билјана Дуковска (Greener Association), панелот отвори важна општествена тема: како изгледот и стилот можат да бидат израз на слобода, но и причина за дискриминација.

Говорниците понудија повеќеслојни перспективи.

Логан Димитри Хислет од интернационалното училиште Нова зборуваше за потребата младите да ја препознаат различноста како вредност, а не како пречка.

Елена Цветковиќ и Елизабета Клинчаревска Младеновска ги споделија своите родителски искуства, потсетувајќи дека семејството е првиот простор на прифаќање.

Олгица Тренеска и Катерина Димитровска (Luna Aditeya) зборуваа за својата мотивација да промовираат редизајнирана и втора рака мода, и покрај предрасудите што сè уште постојат.

Хилде де Саделиер од Белгиската стопанска комора ја отвори темата за инклузивност во корпоративниот свет, а Џеки, волонтерка на Peace Corps, сподели примери од американските училишта каде дрес-кодовите се прилагодуваат на културните и родовите идентитети.

Панелот го заокружи Маја Велковска од Меѓаши, која ја претстави ALO BUSAVKO SOS линијата, повикувајќи на зголемена поддршка за младите кои се соочуваат со булинг. Заклучокот беше јасен: модата може да биде јазик на прифаќање и мост меѓу различностите.

Веднаш по панелот следеше U-DESIGN ревијата, организирана од SIEC во соработка со Нова интернационалното училиште и Средното текстилно училиште „Партиенија Зографски“.

Колекцијата „Re:Design the Decades“ ги оживеа децениите од 50-тите до 90-тите години преку редизајнирана и рециклирана облека — доказ дека втората рака може да биде првиот чекор кон етичка и одржлива иднина.

Од ретро елеганцијата на Олгица, преку уметничкиот бунт на 70-тите што го оживеа Ивана, до гринџ-енергијата и бохо стилот на младите дизајнери, ревијата ја претвори идејата за рециклирање во вистинско модно движење.

Со учество на ученици, волонтери и млади дизајнери, U-DESIGN стана ревија со порака и заедница со визија.

По дневниот блок, вечерниот дел донесе четири ревии што го обединија личното, културното и уметничкото во една универзална модна приказна.

Со колекцијата “VESTIGE”, дизајнерката Ева Таневска ја претвори модата во поетска археологија на чувствата. Во нејзиниот визуелен јазик, ткаенините се сеќавања, а кроевите се како тивки исповеди.Капутите и костумите, во тонови на тула, бетон и сина фармерка, се симбол на сила, додека органзата открива нежност и ранливост. „VESTIGE“ е приказна за она што останува, убавината на трагот и моќта на преживувањето.

Српската дизајнерка Ана Ивковиќ (Anu Handmade) ја продолжи вечерта со колекцијата “Mila”, минималистичка и емотивна ода на женственоста и традицијата. Изработена од 100% памук и автентично српско платно, „Mila“ ја слави едноставноста, удобноста и природната убавина на секоја жена. Во свет каде модата често бара внимание, оваа колекција го врати мирот како највисок облик на елеганција.

Son of Salome ја претстави својата F/W 25/26 колекција „The Fourteenth Day“ — поетски чин на љубов, тишина и прочистување. Десет силуети, изработени со прецизност и контраст, ја раскажаа приказната за болката што се претвора во убавина. Волна, тул и рачно обележани ткаенини создадоа естетика на спротивности — распаѓање и преродба, тежина и леснотија, темнина и светлина. Колекцијата беше поддржана од Министерството за култура и туризам.

Вечерта ја заокружи Олгица Ѓорѓиева, со колекција “THE NOW” што ја потврди силата на индивидуалниот потпис и интимниот пристап кон формата.

Со силуети што балансираат меѓу структура и поетика, Ѓорѓиева уште еднаш покажа дека македонскиот дизајн може да биде истовремено личен, женствен и глобално релевантен.

Петтиот ден на Fashion Weekend Skopje 31 powere by UNIBank беше мост меѓу младите и искусните, уметноста и општеството, модата и одговорноста. Од панелите за самоприфаќање до ревиите што ги претвораат спомените, традицијата и чувството во форма, вечерта потсети дека модата не е само изглед, туку огледало на општеството.

Програмата на 31. Fashion Weekend Skopje продолжува и во следните три денови со акцент на уметноста, занаетот и општествената свест. Изложба „Fashion & Craftsmanship“, која ја слави врската меѓу традиционалните техники и современиот дизајн, а на 4 ноември следи модната аукција „Носи ја промената“, под покровителство на Амбасадата на Република Франција, во организација на КОНЕКТ и FWSK.

Fashion Weekend Skopje ќе заврши на 5 ноември со јасна порака: модата не е само прашање на изглед, туку и на став. Таа е култура и одговорност, иновација и соработка што го обликува општеството на иднината.

Со поддршка од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес и со УНИБанка како генерален партнер, FWSK 31 ја истакнува моќта на модата да создава вредности, да менува навики и да гради култура на одржливост.

Fashion Weekend Skopje 31 се одржува во Diamond of Skopje – Carat West Office, во соработка со Perwoll Renew, Martimex (со Michael Kors и Moschino), Pierre Cardin и СУГС „Димитар Влахов“, Венеција Мебел Прилеп, Eptisa, Green Land Group, Бадел, Musetticaffe, Пелистерка, ZIA Jewelry, Аманти паста, Bliss Hotel, 11i11saat и Patty B Bags.

Фото: Ѓоргји Ристоски

„Fashion Freedom – Stop the Bullying“
Anu Handmade
Anu Handmade(1)
Anu Handmade1
Eva Tanevska
Son of Salome 1
Son of Salome
Son of Salome 2
TALK
U-DESIGN
U-DESIGN 1
U-DESIGN show
Ева Таневска
Ева Таневска 1
Ева Таневска 3
Олгица Ѓорѓиева 1
Олгица Ѓорѓиева 2
Олгица Ѓорѓиева 3
Олгица Ѓорѓиева

Continue Reading

Претходно: Поседувај го своето тело онлајн – кога модата станува глас за достоинство и дигитална слобода
Следно: Мицкоски од Кичево: Кога желбата за правда и единство се посилни од криминалот и поделбите, тогаш се испишува историја!

Поврзани вести

Screenshot_20260503_122852_Gallery
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Свет

Македонскиот генијалец, Македон Димитровски освои златен медал по математика во Германија (Фото)

Димитар Петковски 03/05/2026 11:01
IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
682738107_1146695597597852_5072943248499922598_n
  • Култура
  • Настани

СМИЛЕВО КАКО ОТВОРЕН ПРОЦЕС: ЗАПОЧНУВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС 2026“

Шеталиште 02/05/2026 07:22
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани