Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Пет битолски успешни компании на заеднички афтерворк

admin 19/04/2023 00:00
FB_IMG_1681917258164

Беше тоа спонтана иницијатива на HR тимот на финтек компанијата СН Финансии, да покани неколку познати успешни битолски фирми на заеднички афтерворк кој ќе има мал натпреварувачки спортски карактер, но сѐ прерасна во одлично дружење.
СН финансии, ги здружи силите со Taskforce, Cosmic Development, P2P.mk и Webiart – Creative Agency во новиот Fintech Hub, после работните часови во една пријателска конкуренција, направија мал турнир во пинг понг, билјард и фудбалче со рачки, со правила, со судии и со вистински победници.

„Ова беше одлична можност за вмрежување на нашите компании. Во ист град се нашите централи, а и сите компании учесници имаме свои канцеларии и во други делови на Македонија, така што оваа иницијатива планираме да ја прошириме и во другите градови. TaskForce, Cosmic Development, P2P и Webiart се исклучително добри и успешни приказни кои започнале во Битола, одлични вработувачи се на млади и амбициозни луѓе, а тоа е сосем во склад со нашата мисија да правиме спојки на соработка. Им благодарам на тоа што ја прифатија поканата, а и на одличното дружење”- истакна Бујар Драла кој го води HR тимот на СН финансии.

Во одлична атмосфера, во фер натпреварувачки дух, се создадоа нови пријателства кои во една ваква опуштена атмосфера можат да се градат и надвор од работното место. Тоа беше и целта на серијата настани.

„Иако од различни компании, учесниците се обединија околу нивната заедничка пасија кон трите дисциплини во една пријателска конкуренција. Имаше бодрење, навивање, некои од учесниците покажаа импресивни вештини во трите дисциплини кои ги донесоа до победа„- истакна Марија Ѓоршевска HR директор од TaskForce кои победија во пинг понг и фудбалче на рачки.

Учесниците коментираа дека настанот е драгоцена шанса да се поврзат со интересни луѓе од различни компании, релации кои се значајни за можните соработки помеѓу комапниите, а и го градат спортскиот дух.

„Сакаме да им се заблагодариме на сите кои учествуваа на серијата вакви дружења, кои ги финишираме со огромно финале и направија ваков успешен настан. Енергијата и ентузијазмот на тимовите од петте компании беа навистина заразни и со нетрпение очекуваме да планираме повеќе настани инспирирани од оваа соработка” – истакна Андријана Поповска, раководител на човечки ресурси во Cosmic Development.

Победници во фудбалче на рачки и пинг понг беа TaskForce, а во билјард преставникот од Cosmic Development, кои добија бројни награди за кои се погрижија компаниите учесници, а со одлична забава на DJ Огнен, се заокружи овој настан за кој е многу извесно дека ќе има и ново продолжување.

Continue Reading

Претходно: „Металика“ објави нов албум
Следно: Сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд

Поврзани вести

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 2
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 3
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 4
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38
Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп Alta-banka-Bitola 5
  • Економија

Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп

13/11/2026 14:26

Можеби сте пропуштиле

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани