Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето од Скопје

Шеталиште 21/05/2026 08:27
avion-2

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека ова лето ќе бидат отворени пет нови дестинации, оценувајќи дека земјава бележи раст во авио-сообраќајот и покрај кризата со која се соочува глобалната авиоиндустрија.

Според него, државата останува подготвена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови што би биле на штета на останатите превозници и на државните интереси, објави 4news.mk

„Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени и барања за повисоки субвенции само за една компанија“, изјави Николоски.

Тој најави дека Austrian Airlines ќе воспостави директна линија Виена–Охрид, а во јуни ќе започнат и летови од Краков и Вроцлав кон Охрид. Дополнително, од скопскиот аеродром ќе се воведат две нови летни дестинации – Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија.

Николоски посочи дека Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици.

Министерот информираше и дека Wizz Air ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата разгледува можност и за воспоставување база на охридскиот аеродром, објави 4news.mk

Во однос на резервите на керозин, Николоски рече дека државата располага со количини над законскиот минимум и дека состојбата е стабилна, додавајќи дека дел од регионалните аеродроми моментално се снабдуваат токму од Македонија.

Continue Reading

Претходно: Сирова протеинска торта
Следно: Од утре почнува метежот на Евзони и Дојран – Повторно часови чекање за продолжениот викенд

Поврзани вести

912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15
toplo-vreme
  • Македонија

Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме

Шеталиште 16/06/2026 06:51
Rabotnicki-beracki-za-TUTUN-vo-kasetki
  • Македонија

Субвенциите за тутунарите ќе бидат исплатени предвреме: Владата тврди дека за две години дала повеќе средства отколку претходната за три

Шеталиште 15/06/2026 11:25
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани