Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

eko-svest-digitalen-reklamen-baner-ODBRAN-ZA-PRAKANJE
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пет случаи на западнонилска треска во Македонија, прскањето против комарци е добра превенција

admin 27/09/2024 00:00
infektivna-klinika-kovid-centar-modularna-bolnica-3

Пет случаи со западно-нилска треска се регистрирани заклучно со септември во земјава, а еден од овие пациенти на возраст од 78 години почина од компликации од вирусот. Епидемиолозите предупредуваат дека раното дијагностицирање и навремениот третман, можат да спречат појава на тешка форма на болеста која може да заврши со сериозно нарушување на здравјето и тешки последици или смрт.

Во септември лабораториски е потврдена западно-нилската треска и кај жител на Василево на 63-годишна возраст. Тој е земјоделец кој не патувал надвор од земјата, а претходно бил каснат од инсекти при работата во нива. Во регионот на Струмица каде што е неговата куќа е забележано присуство на комарци.

На Инфективната клиника сега е хоспитализиран еден пациент со западно-нилска треска. Првите симптоми на пациентот почнале 13 дена пред детекцијата, кога имал висока температура од 40 степени, истоштеност и дијареа. Потоа му се појавиле отоци и осипи на двете дланки и стапала. На Инфективната клиника во Скопје потврдено е заболувањето западно-нилска треска. Пациентот уште е хоспитализиран на Инфективната клиника, без знаци на енцефалит и неговата состојба се подобрува.

Претходните случаи на ова заболување со западно-нилска треска во земјава се донесени од странство, односно импортирани, кај жители на Василево и Кочани. Потоа следуваше и еден случај во Тетово.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, доктор Фадил Цана објаснува дека невролошките манифестации на болеста се развиваат ретко, во само еден процент од дијагностицираните случаи, но тие може да завршат со смртен исход.

– Тоа што го знае научната јавност е дека нема специфична терапија за овој вирус. Ако нешто може да се превенира, тоа е преку програмите за дезинсекција кои се во надлежност на општините, изјави тој.

Во Европа надзорот над ова заболување се врши од јуни до ноември затоа што во овој временски интервал има масовно присуство на комарците, кои се главниот извор на заболувањето.

Климатските промени, во голема мерка влијаат на активностите на комарците. Болестите како лајмска болест, западно-нилска треска, некои хеморагични трески и тулеремија се веќе присутни во Македонија. Институтот за јавно здравје смета дека постои веројатност и понатаму да бидат пријавувани нови случаи на целата територија на државата, но ризикот може да се минимизира со придржување до препораките за превенција од надлежните институции.

За заштита од болести кои се пренесуваат преку комарци треба да се намали популацијата на комарците и нивниот престој во животниот простор на луѓето. На граѓаните им се препорачува да не оставаат отворени буриња, канти и стари гуми по дворовите во кои може да се собира дождовница. Редовно треба да се чистат олуците за да се оневозможи истекување на водата, а базените да се одржуваат чисти исто како и фонтаните.

На граѓаните им се препорачува да користат специјални сијалици и апаратчиња кои ги одбиваат комарците, да постават заштитни мрежи на вратите и прозорците во домовите, да одбегнуваат излегување и престој надвор во зори или на самрак кога комарците се најактивни. Како мерки за лична заштита од убоди на комарци се препорачува носење соодветна облека, најдобро во светли бои, која ќе остава што помалку откриени делови од телото (долги ракави, долги панталони, чорапи, шапки). Се препорачува и примена на репеленти во облик на лосион, стик, крем или спреј кои ги одбиваат комарците. Патниците кои патуваат во земји каде се евидентираат болести што се пренесуваат со кмарци, задолжително треба да употребуваат репеленти за време на престојот, а прозорците и креветите за спиење да се затворени со заштитни мрежи со адекватен инсектицид.

Институтот за јавно здравје препорачува по враќањето дома, во Македонија, овие лица да бидат свесни за можното нивно заразување додека престојувале во такви предели и да ја следат својата здравствена состојба. Доколку се појават симптоми на заболување, веднаш треба да побараат лекарска помош и да го известат докторот дека престојувале во предели каде постојат болести што се пренесуваат со комарци.

Западно-нилскиот вирус е откриен во 1937 година во Уганда, а неговото присуство е документирано на речиси сите контитенти. Инфекцијата ги зафаќа дивите птици . Инфекцијата помеѓу нив се пренесува преку различни видови на комарци.

Луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец. Болеста не се пренесува од човек на човек освен преку трансфузија или трансплантација на органи. Периодот на инкубавија е од 3 до 14 дена а околу 80 проценти од инфекциите кај луѓето поминуваат без манифестација на симптоми.

Останатите 20 проценти симптоматски инфекции, најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1 процент од инфекциите со западно нилска треска кај луѓето се развиваат во сериозни форми, со тешка клиничка слика и се потенцијално смртоносни поради воспаление на мозокот или појава на парализи.

Не постои специфична терапија, а третманот воглавно е насочен кон лекување на симптомите. Соодветната интензивна медицинска нега дава можност за поголемо преживување на заболените со тешки форми.

Кај тешките случаи, стапката на смртност е од 3 проценти 15 проценти и се зголемува кај повозрасните категории. За оние кои ќе преживеат, опоравувањето е долготрајно, со опстојување на умор, слабост на мускулатурата, тешко одење, загуба на помнењето, депресии и слично. Не постои вакцина за луѓето. Најдобар начин за превенција е избегнување на убод од комарци кои се преносители на заболувањето.

Според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, во 15 европски земји меѓу кои и Македонија годинава има потврда за 715 заразени по каснување од комарци а 51 пациент починал поради компликации од заразата.

Continue Reading

Претходно: Паднаа првите казни за трговците, издадени 8 прекршочни налози во висина од 1,2 милиони денари
Следно: Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени

Поврзани вести

1-1536x1071
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија убедливо загуби на гостувањето во Велс

Димитар Петковски 19/11/2025 06:38
bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
Pece-Milevski
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

Шеталиште 18/11/2025 08:11
1761041924265735
300 х 250 dvizecko
300-x-250
Untitled design (11)
33
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

Македонија убедливо загуби на гостувањето во Велс 1-1536x1071 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија убедливо загуби на гостувањето во Велс

19/11/2025 06:38
Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила bardi-pres-2-1536x1052 2
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

18/11/2025 11:31
Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра Pece-Milevski 3
  • Вести
  • Битола инфо

Пеце Милевски: За прв пат имаме Влада која обезбедува рамномерен регионален развој – Битола доби 80 проекти вредни 15 милиони евра

18/11/2025 08:11
Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф Screenshot_20251117_211921_Facebook 4
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Важни информации за македонските навивачи за утре во Кардиф

17/11/2025 20:19
Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата 581942546_861911069678442_8545183690636481806_n 5
  • Вести
  • Македонија

Санација на главниот пат во Новаци во пресрет на зимата

17/11/2025 16:15

Можеби сте пропуштиле

582199999_1229340262578658_1567186234866481403_n
  • Промо

ДЕУС славеше 5 години и покажа дека хуманоста е најсилниот тренд

Шеталиште 19/11/2025 09:05
1-1536x1071
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија убедливо загуби на гостувањето во Велс

Димитар Петковски 19/11/2025 06:38
bardi-pres-2-1536x1052
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

Барди: Во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила

Димитар Петковски 18/11/2025 11:31
horoskop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (18.11.2025)

Шеталиште 18/11/2025 08:14

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани