Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Театар

„Пламенка“ од Петре Димовски премиерно на сцената на битолскиот театар

Шеталиште 18/02/2026 07:31
nmctrwrtlqduk4do6s1y

Националните установи Народен театар и Центар за култура-Битола и Интимен театар Битола денеска на прес конференција го промовираа заедничкиот проект, претставата „Пламенка“ работена според истоимениот роман на Петре Димовски во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во изјава за медиумите, директорот на битолскиот театар Васко Мавровски истакна дека со овој проект продолжува политиката на менаџментот за давање предност на македонските автори.

-Акцентот во нашата работа е на македонските автори, на македонската драматургија и на македонските кративци и театарски работници. Минатата сезона почнавме со праизведба на претставата „Жиголо“, а оваа година ја почнуваме со праизведба на романот на Петре Димовски „Пламенка“. Тоа зборува дека сме доследни на тоа што го ветивме, посочи Мавровски.

Режисер на претставата е Софија Ристевска Петрушева и ја подготви во соработка со драматургот Билјана Крајчевска.

-Јас сум режисер на современото, но за мене беше важно да ги проследиме и нашите корени затоа што тука во овој роман се зборува за жената, а жената во моето творештво, во мојот живот и во мојата политичка кариера е многу важна. Присуството на жената, општествено полиитичките ситуации во кои жената се бори и други состојби се многу важни, и тие се искажани преку една жена како што е Пламенка, нагласи режисерката Ристевска Петрушева.

Во претставата „Пламенка“ ќе настапат актерките Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Викторија Степановска и за прв пат на театарската сцена, младата актерка Вероника Ефтимова, но и актерите Валентин Дамчевски и Давид Балтовски.

-На сцената нудиме специфичен уметнички израз во претставата која не е класична театарска постановка туку комбинација на поезија, актерска игра, музика и голема емоција која верувам дека никого нема да остави рамнодушен. Пламенка е еден потсетник дека жената е стожер, дека мајката, македонската жена е столб за работите да бидат цврсти, истакна актерката Андоновска Илијевски.

Во копридукцискиот театарски проект „Пламенка“ учествуваат и членови на КУД „Илинден“ чии сценски движења и кореографија ги подготви Љупка Стефановска, авторските видеа, фотографии и дизајн на плакат се на Сашо Илковски Сачма, композитор е Александар Талевски, а видео оператор Владимир Переловски.

 

 

 

 

 

Continue Reading

Претходно: НУ Камерен Оркестар на Битола ја отвора концертната сезона 2026 со концертот „Вечер на романтични балади“
Следно: Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Поврзани вести

Vojdan-Cernodrinski-2026-zatvoranje-foto-mia
  • Театар

Во Прилеп е затворен јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 13/06/2026 07:11
festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
20260603102332_big_730x400_89
  • Театар

Народен театар Битола гостува во Романија

Шеталиште 03/06/2026 08:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани