Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Патувањa

Платиле за тригодишно крстарење – сега им е кажано да си заминат поради цените на горивото

Шеталиште 28/10/2026 08:00
20261028085701_big_730x400_18

 Американскиот брод „Одисеја“ (Odyssey), којшто е обмислен како „станбен комплекс на вода“, го прекина своето патување околу светот и во мигов е закотвен во Камбоџа.

Поради високите трошоци за гориво, стотици патници мораат да го напуштат големото пловило коешто беше рекламирано како спој на долгорочен живот на море и патување околу светот. Бродот исплови пред две години на планирано тригодишно патување низ седум континенти, пишува „Индипендент“ (The Independent). Управата на пристаништето Сихануквил минатата недела објави дека бродот се закотвил на 23 октомври, со план да остане пет дена. Требало да исплови кон Виетнам, но денес сè уште се наоѓа во пристаништето. Компанијата „Вила Ви Резиденсис“ (Villa Vie Residences), со седиште во Флорида (САД), соопшти дека месечните трошоци за гориво по кабина се зголемиле од просечни 1.800 долари на сума што во одредени делови од Азија достигнува меѓу 6.000 и 8.000 долари. Како причина ја наведуваат војната во Иран. Од компанијата велат дека се обиделе да ја намалат потрошувачката преку намалување на брзината на пловидба и подолги престои во пристаништата, но тоа не е доволно за да се покрие ненадејниот скок на цените.

„Веќе не можевме да ги покриваме оперативните загуби што се натрупуваат“, се истакнува во соопштението. – „А, не е реално целиот трошок да се префрли врз станарите. Сега наш приоритет е да обезбедиме поддршка за станарите, екипажот и вработените“, додава компанијата, наведувајќи дека работат на спроведување на реструктурирањето.

Од патниците било побарано да го напуштат бродот, додека статусот на посадата засега останува непознат.

На бродот имало 203 патници од 15 земји – но, главно американски државјани, како и 156 членови на екипажот. Вкупниот капацитет на бродот изнесува 650 лица.

„Одисеја“ имаше утврден план на патување до ноември 2027 година. Компанијата планираше да воведе и втор „станбен брод“ за крстарење на почетокот на 2029, но во соопштението за прекинот на работата на „Одисеја“, тоа второ патување воопшто не се споменува.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Министерство за енергетика: Напредува гасоводот со Грција, се подготвува интерконекторот со Србија и се работи на оспособување на домашната мрежа
Следно: Вакцинацијата против сезонски грип забрзува, вакцини има доволно за сите, уверува Клековски

Поврзани вести

20261012195507
  • Патувањa

По повеќе од 40 години ставен клуч на брава: Познатата скијачка жичница засекогаш престанува да работи

Шеталиште 13/10/2026 06:28
etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
investiraj-vo-turcija-1
  • Патувањa

Каде во Европа можете да одите на одмор за помалку од 100 евра дневно?

Шеталиште 26/08/2026 09:53
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 1
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 2
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 3
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 4
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12
Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

Пад на цените на горивата: Поевтини бензините и дизелот

09/11/2026 12:05

Можеби сте пропуштиле

bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44
Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани