Прилеп денеска повторно блеска во празнична атмосфера. На градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ продолжува „Прилепска празнична приказна“ со богата музичка програма, настапи на диџеј, концерти и изведби на најмладите од градските градинки.
Плоштадот е украсен со светилки и празничен базар, а атмосферата е исполнета со радост и заедништво.
Настанот ќе трае до 31 декември, кога прилепчани заедно ќе ја пречекаат Новата 2026 година.
Понеделник 29.12.2025 – понеделник (работно време од 17ч. – 21ч.)
- Артиум,
- DJ Vera Jankovich.
Вторник 30.12.2025 – вторник (работно време од 17ч. – 21ч.)
- група Калабалак,
- Љубојна.
Среда 31.12.2025 – среда (работно време од 22ч. – 01ч.)
- Наум Петревски со својот бенд

