Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
skopje-2-2-1536x1079

Екипата на Башкими  го совлада Скопје на гостински терен со 2-1 и го освои првите три бода во шампионатот. Првата шанса ја имаше Башкими, кога Рибеиро ја погоди надворешната страна од мрежата. На спротивната страна, во првата сериозна можност за домашните во 14-тата минута, Ангелов упати прецизен удар, но на висина на задачата беше голманот на Башкими, Алиу. Набрзо потоа, Рибеиро тргна во соло-акција во противничкиот шеснаесетник, но домашниот чувар на мрежата Наумовски реагираше одлично.

 

Во 18-тата минута, Рибеиро асистираше во шеснаесетникот, но одбраната на Скопје успеа да го блокира Андри Стафа на само 6 метри од голот. Во 25-тата минута, Рибеиро беше непрецизен од слободен удар земен од 17 метри. Башкими поведе во 30-тата минута. Гостите изведоа брз напад и по асистенцијата на Рибеиро, младиот напаѓач Рашид го постигна својот дебитантски гол за кумановскиот тим. На три минути пред крајот на првото полувреме, Адис Мурати се најде во добра шанса во шеснаесетникот на Скопје, но биеше за малку крај голот.

Башкими влезе подобро и во второто полувреме. Уште во првиот напад, Андри Стафа упати силен удар, но топката замина покрај голот. Веќе во следната акција, кумановци ја зголемија предноста: Рибеиро упати удар, голманот Наумовски кратко одби, а одбиената топка ја прифати капитенот Адис Мурати и ја испрати во мрежата за 2-0.

Првата посериозна закана за Скопје во второто полувреме донесе и намалување на резултатот. Во 69-тата минута, Лимани неправилно го запре Николовски во шеснаесетникот, а судијата Идризи покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Али Адем, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на Скопје за конечни 1-2.

До крајот на натпреварот немаше конкретни шанси на двете страни, па гостите ги запечатија трите бода. Во 7-мото коло, Скопје му гостува на тимот на Шкендија Арачиново, додека Башкими на домашен терен ќе ги одмери силите со Вардар.

Continue Reading

Претходно: Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
Следно: Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Поврзани вести

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани