Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Брегалница полесно од очекуваното стигна до трите бода против Башкими, по еден бод за Скопје и Тиквеш во вториот наптревар од 4.коло

Димитар Петковски 22/08/2026 08:54
dsc_9161-1536x1133

Во Првата Македонска фудбалска лига, 4. коло донесе два натпревари еден во Штип и другиот во Скопје. Брегалница во Штип полесно од очекуваното стигна до трите бода во пресметката со Башкими вчера, кој и по четири кола сè уште не успеа да постигне гол. Додека на натпреварот во Скопје, истоимената екипа и ГФК Тиквеш од Кавадарци одиграа 1:1 во натпреварот со кој беше отворено четвртото коло од домашното првенство.

 

Брегалница – Башкими 2-0

 

Натпреварот во Штип започна со притисок на домашните, додека првиот обид на домашните напаѓачи го запре Фати Исмаили на самата гол-линија.

Во меѓувреме, првиот удар на гостувачкиот тим дојде во 12-та минута, кога Рибеиро силно шутираше од 17 метри, но топката замина над голот.

Во 16-та минута, Хебиб Саити ја искористи празнината во шеснаесетникот и упати удар, кој заврши во пречката на домашните и замина надвор од игра. Во 22-та минута, Брегалница го отвори резултатот благодарение на силниот удар на Иван Глигоров, кој погоди одвнатре во шеснаесетникот по асистенцијата на Стојанов.

Во 38-та минута, Габриел Тенлеп шутираше од 25 метри, но топката замина над голот на Брегалница. Во првата посериозна акција (во второто полувреме), Максимов проби по десната страна и асистираше во шеснаесетникот, каде Давид Калпачки ја испрати топката во незаштитениот агол за 2-0.

Веќе во следната акција, Брегалница стигна и до третиот гол. Иван Глигоров во шеснаесетникот успеа да го постигне својот втор гол на овој натпревар и трет за домашната екипа. Стојковски перфектно асистираше во зоната, а домашниот напаѓач немаше тешка задача да погоди од 5 метри. Брегалница следната недела ќе гостува кај Струга Трим Лум, додека Башкими во Куманово ги бара првите бодови против Шкендија Арачиново.

 

ФК Скопје – Башкими 1-1

Скопје во првото полувреме успеа добро да ја контролира играта и во 34. минута да дојде до предност. Aндреј Цветковски одлично продре по десната страна, а Антонио Божиновски се најде на вистинското место и ја затресе мрежата за 1:0.

Во 36. минута следуваше остра интервенција над фудбалер на Скопје. Судијата Фуркан Идризи првично му покажа црвен картон на Фахл, но по протестите на гостите од Кавадарци и прегледувањето на ситуацијата во ВАР-собата, одлуката беше променета, а црвениот картон беше поништен.

До крајот на првото полувреме двете екипи се обидуваа да создадат нови шанси, но без конкретна завршница.

Во вториот дел Тиквеш беше поагресивен и ја презеде иницијативата на теренот, барајќи го израмнувачкиот гол.

Во 67. минута, по една ситуација во шеснаесетникот по интервенцијата на Папули, Идризи покажа на белата точка. По дополнителната проверка на ВАР, одлуката за пенал беше потврдена.

Нигериецот Нфанли Сила беше сигурен изведувач и во 70. минута го совлада Наумовски за 1:1. Голманот на Скопје ја прочита страната, но силниот удар беше неодбранлив.

Само една минута подоцна Тиквеш имаше нова можност за пресврт, но Наумовски одлично интервенираше.

Во 77. минута Гуџуфи упати силен удар по продорот од левата страна, но топката заврши покрај голот.

Скопје во финишот се обиде повторно да дојде до водство. Во 83. минута Виктор Ангелов имаше одлична можност за гол, но голманот Стевковски успешно интервенираше.

На спротивната страна, Окере продре од левата страна и испрати топка во опасната зона, но немаше гостински фудбалер кој би ја упатил топката во мрежата.

До крајот немаше промена на резултатот, па Скопје и Тиквеш ги поделија бодовите со конечни 1:1.

 

Фото ФФМ

Continue Reading

Претходно: ЕБР одбележува 25 години од формирањето: Тактичко-показна вежба утре во Битола
Следно: Македонските граѓани повторно можат да аплицираат за имигрантски визи за САД – поништена забраната на Трамп

Поврзани вести

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 4
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 5
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани