Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Вардар славеше во дербито против Силекс со гол во судиското продолжение

Димитар Петковски 01/11/2025 00:47
vardar-2-2

ФК Вардар победи во дербито од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го кратовски Силекс со (2-1) полувреме (1-1).

На Арената “Тодор Проески”, голот за победа го постигна Роџерс Мато во судиското продолжение од натпреварот. Фудбалерот од Уганда го реализираше пеналот кој оправдано беше досуден по игра со рака во шеснаесетникот на еден од играчите на Силекс.

Со оваа победа, ФК Вардар повторно е на врвот на табелата на ПМФЛ по одиграните 11. кола.

Почетокот на натпреварот го одбележаа двете сериозни шанси на Додев, кој по левата страна имаше два продора, но во двата наврати беше непрецизен.

На спротивната страна, по одлична асистенција на Роџерс Мато, капитенот Азер Омерагиќ излезе сам пред голманот Џеков и прецизно реализираше за водство од 1:0.

Следуваше период во кој Вардар се обидуваше да го зголеми водството, но Силекс успеа да израмни. Во 14. минута, Силекс одигра убава акција по левата страна, дел од теренот кој беше најопасен во првиот дел. Топката стигна до Хрговиќ, кој силно биеше под пречката на голот на Талески, израмнувајќи на 1:1.

До крајот на полувремето, Вардар имаше уште неколку обиди преку Бабунски, Данев и Мато, но без реализација.

Во второто полувреме, првата голема шанса ја имаше Мислав Матиќ, кој одлично реагираше по центаршут, но со глава биеше директно во Џеков.

Потоа следуваа два удари на Роџерс Мато, кој иако беше активен во нападот, во тие моменти немаше свој ден и шутираше над голот.

Десетина минути пред крајот, се случи еден од клучните моменти на натпреварот.

Едис Спахиу украде топка на аголот од шеснаесетникот, по што гостинскиот голман Џеков реагираше со игра со рака надвор од својот простор. Судијата правилно покажа црвен картон, а Силекс беше принуден да направи измена и да продолжи со играч помалку.

Длабоко во судиското продолжение, Вардар доби пенал по игра со рака на еден од дефанзивците на Силекс.

Одговорноста ја презеде Роџерс Мато, најдобриот стрелец на „црвено-црните“ во тековниот шампионат, кој сигурно реализираше за конечни 2:1 и нова голема победа на Вардар.

Фото ФФМ

Continue Reading

Претходно: Сашо Ставрев со изложба по повод 45 години од Фестивалот „Браќа Манаки“
Следно: Саботно „корзо“ на битолчани (01.11.2025)

Поврзани вести

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
FB_IMG_1791174339950
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер го совладаа ТФТ и со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата

Димитар Петковски 05/10/2026 05:45
FB_IMG_1791098665935
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

„Конзулите“ се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мали Лошињ во Хрватска

Димитар Петковски 04/10/2026 09:02
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела 36_2026_55931791131282 1
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

05/10/2026 14:52
„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците img_0458-750x375 2
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

05/10/2026 11:04
Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот gorivo-pumpa-750x350-2 3
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

05/10/2026 10:48
Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо japonija-660x500 4
  • Свет

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо

05/10/2026 07:57
На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт 20261005093245_big_730x400_9 5
  • Македонија

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

05/10/2026 07:53

Можеби сте пропуштиле

36_2026_55931791131282
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Вела

Димитар Петковски 05/10/2026 14:52
img_0458-750x375
  • Битола инфо

„Водовод“ Битола започнува теренска акција: Ќе се проверуваат водомерите и податоците на корисниците

Шеталиште 05/10/2026 11:04
gorivo-pumpa-750x350-2
  • Економија

Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините и дизелот

Шеталиште 05/10/2026 10:48
podarok-mint_centar_2
  • Промо

Подарок! За секој направен технички преглед

Шеталиште 05/10/2026 10:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани