Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Пелистер и Тиквеш одиграа без голови

Димитар Петковски 31/10/2025 06:02
Screenshot_20251031_064129_Facebook

Првата фудбалска лига вчера помеѓу Пелистер и Тиквеш донесе натпревар без голови во 11.коло.

Домашниот ФК Пелистер се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен во Битола и да има иницијатива, но тоа не резултираше со гол во противничката мрежа. Кавадаречки Тиквеш очигледно беше дојден да се брани и одбранбената тактика им овозможи да заминат непоразени од Битола.

Меѓу ретките акции кои остануваат за спомнување од првото полувреме  се полушансата за домашните по шутот на Белиќ во третата минута, како и обидот за контра напад со спречен обид за шут на спротивната страна.

Керим од Пелистер имаше два обида да го донесе Пелистер во водство, еден при крај на првото полувреме, а еден во вториот дел, но многу поопасно делуваше во вториот обид, кога биеше со глава.

Домашниот тим за својата иницијатива можеа да се пофалат со неколку освоени корнери, но иако во вториот дел имаа и огромен посед на топката, ниту од прекините на игра не успеаја да создадат гол шанса.

Мирко Ивановски во најголемиот дел од времето беше покриен или обидите за странични уфрлања на топката во шеснаесетникот не беа прецизни за да стигнат до него, па само еднаш успеа да влета во противничкиот простор по центаршут, но не и да реализира.

Во финишот на вториот дел битолчани се обидоа со влегување на Мрмачовски и Ристиќ да освежат во нападот, но повторно без изработена акција и нафрлени топки кои беа лесни за расчистување или за интервенција на Стевковски.

Меѓу последните шанси се и двата слободни удари кои ги изведе Спировски, а само првиот од нив беше во рамките на голот, но сепак лесен „плен“ за гостинскиот голман.

Недостатокот на квалитет за соло акции или можеби инспирација го остави овој натпревар без голови и додавања без завршница, со многу прекршоци за прекинување на играта. Тиквеш ретко се обидуваше да премине во контра напад и најсериозната шанса можеби ја имаше во судиското продолжување, но и таа замина во неповрат без соодветната прецизност.

 

Со освоениот бод и двете екипи ги задржаа позициите на табелата Тиквеш 9.место и Пелистер 10.место.

За Пелистер сега календарот носи меч од 12. коло кој треба да се одиграна 5-ти ноември, го пречекуваат Вардар во големото македонско „вечно дерби“ а неколку дена подоцна и дуел со струмичка АП Брера.

На претходниот вчерашен натпревар Шкупи загуби од Струга со (1:2) и сега стружани се лидери пред денешниот дуел на Вардар и Силекс, претходно се одиграа натпреварите: Македонија ЃП – Башкими (1:1) и Арсими – Работнички (2:2).

Денес на распоредот се натпреварите: Брера – Шкендија (13:30 часот) и  дербито Вардар – Силекс како последен меч за ова 11-то коло со почеток од 17 часот.

Табела: Струга 26 бодови, Вардар 24, Силекс 21, Шкендија 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 9, Пелистер 8, Работнички 7 и Шкупи 1.

Фото ффм/пелистер

Continue Reading

Претходно: Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела
Следно: Сашо Ставрев со изложба по повод 45 години од Фестивалот „Браќа Манаки“

Поврзани вести

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 2
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 5
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 16:12

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани