Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Вести
  • Фудбал

ПМФЛ: Силекс убедливо го совлада Шкупи, додека АП Брера го победи Арсими

Димитар Петковски 03/04/2026 17:16
dsc_6974-1536x1088

Фудбалерите на АП Брера и Силекс остварија важни победи, откако на домашен терен славеа против Арсими и Шкупи.

Арсими поведе во третата минута, кога Марсел Гони погоди со удар со глава по слободниот удар од левата страна.

 

Домаќинот брзо се врати во егал, откако Филип Михаилов во десеттата минута успешно реализираше пенал. До крајот на првото полувреме мрежите мируваа.

Во вториот дел, тимот на АП Брера тргна по трите бода. Во 76.минута Леонардо Петровиќ имаше убава шанса, но неговиот удар од 14 метри го скроти гостинскиот голман Дејан Силјановски.

Сепак, во 79.минута дојде победничкиот погодок токму на Леонардо Петровиќ. Тој упати силен удар од работ на шеснаесетникот и успеа да ја затресе противничката мрежа.

 

Во Кратово натпреварот во кој однапред беше познат победникот, со оглед на разликата во сила и квалитет, Силекс со убедливи 6-0 го совлада последнопласираниот тим на Шкупи во меч од 25. коло во ПМФЛ. Резултатот сам по себе кажува дека мечот мина во целосна доминација на домашниот тим, кој имаше многу повеќе шанси, многу повеќе иницијатива, а искористи само шест од приликите. Со овој триумф избраниците на Александар Васоски успеаја да ја прекинат низата од четири меча без победа и да дојдат до првиот триумф на домашен терен оваа година.

Уште во 4. минута Силекс ја погоди пречката преку Пиреш, а веќе следната минута предност. Од десната страна Тимовски нафрли до Алиќ, кој со глава погоди за водство на домашниот тим.

Се играше 10. минута кога Пиреш по асистенција на Ефтимов, со глава го совлада Муслиу за водство од 2-0.

На полувремето беше 3-0, откако во 38. минута Мирчевски погоди од најстрога казна. Пеналот беше досуден откако Османи стартуваше над Пиреш.

Сликата не се промени ниту во вториот дел. Во 58. минута Тимовски нафрли од десната страна, за Бутуровиќ со глава да зголеми на 4-0. Три минути подоцна втор пенал за Силекс, по стартот на Чајани врз Анѓелески. Токму капитенот на кратовци беше успешен од белата точка.

Шестиот гол во мрежата на Шкупи се случи во 71. минута од средбата. Акција на домашните по средината, од каде Николовски го проигра Донов, кој успешно ја испрати топката во левиот агол од голот на Муслиу, што беше и последен погодок на овој нерамноправен дуел.

фото: ФФМ

Continue Reading

Претходно: КС Групација со свој штанд беше дел од Саемот за кариера – CAREER EXPO 2026
Следно: Секуловски пред мечот во Тетово: Респект за Шкендија, но одиме по позитивен резултат во Тетово

Поврзани вести

VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
FB_IMG_1776182417729
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Македонските ракометни судии добија две годишна суспензија од ЕХФ !

Димитар Петковски 14/04/2026 16:12
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани