Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Шкендија брка четврта последователна победа, Вардар бара победа против Силекс

Димитар Петковски 24/08/2026 15:21
21_cvetkovski-filip_fk-vardar-1536x1070

ФК Шкендија ја бара четврта последователна победа за да остане единствениот тим со максимален ефект на стартот од новата сезона. По двата меча зад затворени врати, „црвено-црните“ конечно го пречекуваат својот 12-ти играч на трибините. Брзото крило Ване Крстевски е оптимист пред претстојната пресметка против Струга Трим Лум.

„Се подготвуваме чекор по чекор за Струга, знаеме дека нè очекува силен дуел и добро го анализиравме ривалот. Започнавме одлично со три победи и се надеваме дека ќе врземе уште една, што е и нормално. Мислам дека настапите во Европа малку нè исцрпија. Сега сме целосно фокусирани на првенството и се надеваме дека ќе ја освоиме титулата оваа година, за следното лето да бидеме уште подобри во Европа“, истакна Ване Крстевски.

Откако ја заврши казната од два меча без публика поради инцидентите во купот, тетовци конечно ќе играат во вистинска фудбалска атмосфера.

„Голема предност и привилегија е да се игра под рефлектори. Времето е доста топло и во такви услови е тешко за игра. На претходните мечеви ни недостигаа навивачите, но се надеваме дека од утрешниот дуел ќе ја имаме нивната поддршка и сè ќе биде полесно“, додаде Крстевски.

Кај Шкендија за овој дуел ќе недостасуваат: голманот Бабукар Гаје, Рафаел Фреитас, Марко Ѓорѓиевски и Бојан Димоски, додека Анес Мелиќи сè уште е под суспензија поради црвениот картон. Во составот се враќа централниот дефанзивец Јован Манев.

Дербито се игра во Тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 19:00 часот, а главен арбитар на мечот е Стојанче Трпчевски.

За разлика од Шкендија, актуелниот шампион ФК Вардар на лош начин го стартуваше новото првенство на Македонија. Забележа два порази во првите три кола, и остана без бодови на двете пресметки против конкурентите за титулата, Шкендија и Струга Трим Лум.

Ако се земе во предвид и европската елиминација од Рига, тогаш вардарци се во низа од три порази по ред, негативна серија што не им се случила многу долг период.

Од тој аспект, денешниот меч против Силекс е многу значаен за „црвено-црните“. Едноставно, мора да победат за да стават крај на лошата низа, но ќе мора да се изборат и со притисокот што го носи овој натпревар, дека мора да се освојат трите бода.

Атмосферата во тимот не е на највисоко ниво, поразите си го сторија своето, а се појави и клупска недисциплина кај одредени фудбалери. Со сето ова мораат да се справат Матија Мирков и Христијан Кировски, кои се во раководна улога откако замина аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани.

Вардарци во изминатава недела беа фокусирани на работата, се обидоа да останат затворени и со тренинзи да ги надминат проблемите и да се подготват за новиот дуел со Силекс. Сите се во очекување, дали конечно шампионот и ќе одигра шампионски.

Натпреварот меѓу Вардар и Силекс е закажан за денеска, со почеток во 17 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Continue Reading

Претходно: Червар со Е.Пелистер со добро прво полувреме го победи РК Партизан во Регионалната лига
Следно: Топло до 38 степени, а потоа невреме: Град и силен ветер во делови од Македонија

Поврзани вести

VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

Шеталиште 11/09/2026 07:50
LDP
  • Вести
  • Македонија

ЛДП: Перпарим во притвор за 8,3 милиони, Владата со фалба за 5,5 милиони евра дивиденда

Шеталиште 11/09/2026 07:49
vmro-dpmne
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност

Шеталиште 11/09/2026 07:41
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 1
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 2
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 3
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09
Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар 20260911125006_big_730x400_99 4
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

11/09/2026 11:04
ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Според ДЗР 1.3 милијарди евра потрошени за коридорите 8 и 10Д, а градбата заглавена на 0,12% во време на СДС и ДУИ, ЈО да отвори постапка каде завршиле парите

11/09/2026 07:50

Можеби сте пропуштиле

img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10
nafta-1
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

Шеталиште 11/09/2026 11:09
20260911125006_big_730x400_99
  • Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Шеталиште 11/09/2026 11:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани