Првото полувреме донесе претпазлива игра на двете страни и малку изгледни шанси, но домашните први го скршија мразот. Во 32. минута, по недозволен старт во казнениот простор на Силекс, беше досуден пенал за арачиновци. Одговорноста ја презеде капитенот Бесир Демири, кој беше мирен од белата точка за 1-0 — испишувајќи историја со првиот гол за Шкендија Арачиново во македонската фудбалска елита.

Арачиновци имаа можност да ја зголемат предноста во 40. минута преку Симоновски, кој по еден корнер биеше за малку над пречката. Пред самиот крај на првиот дел, Силекс ја затресе мрежата на домаќините, но погодокот беше поништен поради офсајд. Второто полувреме донесе значително подинамичен фудбал. Кратовци тргнаа поофанзивно и се заканија преку Богдановски во 57. минута и Мишов во 65. минута, но домашниот чувар на мрежата, Столевски, со одлични интервенции ги сочува мрежите мирни.
Вистинска драма се случуваше во завршните 15 минути од мечот. Во 78. минута, Шкендија пропушти колосална шанса за решавање на мечот — Ливарека по центаршутот на Керими од само пет метри ја погоди стативата. Веднаш на спротивната страна, Столевски израснал во херој на домашните, бранејќи го ударот на Богдановски од белата точка.

Сепак, иницијативата на гостите даде резултат во 82. минута. По преглед на ВАР-снимката, главниот судија покажа на белата точка по прекршокот на Шаркоски врз Богдановски. Овој пат, Хасукиќ беше сигурен реализатор, го испрати Столевски во една, а топката во другата страна за конечни 1-1.
Утре на распоредот се два натпревари и тоа, екипата на Скопје ја пречекува Струга и на Градски големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија од Тетово.
Фото ФФМ
