Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Поднесено обвинение за злоупотреби во Прилепската болница

Шеталиште 29/01/2026 10:12
bolnica-prilep-1

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинителен акт против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела „Проневера во службата“ и „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Како што информира Јавното обвинителство, за дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари.

– Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси исплати со невистинита содржина за наводно извршени работи за потребите на болницата на физички лица им исплаќале средства од остварениот промет од наплата на партиципација за здравствени услуги, без користење на системот на УЈП, без склучени договори за дело и без документација за оправданост на трошењето. Исплатите често се правдале со фискални сметки за гориво, но и со фискални сметки од пицерии, ресторани, кафеани, кафулиња, слаткарници и други угостителски објекти, односно како трошења кои не биле за потребите на болницата. Со цел да ги прикријат дејствијата, во компјутерскиот сметководствен систем на болницата внесувале податоци со невистинита содржина и вршеле корекции на креираните записи, внесувајќи нови износи кои одговарале на фиктивно изготвени налози за работа, стои во соопштението.

Од Јавното обвинтелство информираат дека за дејствијата на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в се обвинети поранешната директорка и еден обезбедувач во болницата, управител и двајца сопственици на правно лице за обезбедување на имот и лица, како и самата агенција за обезбедување.

Сите тие заеднички, како што се наведува, со умисла, во два наврати, свесно ги повредиле прописите за доделување на договор за јавна набавка, со неизвршување на обврските од договорот за физичко обезбедување на болницата и со намера истиот да се изигра, па со тоа му овозможиле на обвинетото правно лице да оствари значителна имотна корист во вкупен износ од 6.567.538 денари, додека на болницата и била нанесена значителна штета. Иако ангажираната фирма не ги исполнувала обврските од договорот, се вршела фиктивна евиденција и услугите редовно им се исплаќале по доставените фактури.

– Освен ова, поранешната директорка на Прилепската болница е обвинета и за продолжени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи во повеќе наврати кон угостителски објекти – кафеани и ресторани, како и кон колонијални продавници одобрувала исплата на средства од контото – храна за болни, иако набавените услуги и производи не биле наменети за потребите на хоспитализираните пациенти во болницата. На овој начин и нанела поголема имотна штета на болницата во вкупен износ од 1.439.987 денари, се вели во соопштението.

Во периодот од 2022 до 2024 година обвинетата вршела и неосновани исплати на додатоци за прекувремена работа на повеќе селективно избрани вработени со што буџетот на болницата го оштетила за дополнителен вкупен износ од 1.850.895 денари.

– Во однос на еден дел од дејствијата кои беа предмет на истрагата поведена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција и врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, продолжува истражна постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението.

Continue Reading

Претходно: Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Национланиот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо
Следно: Дневен хороскоп (29.01.2026)

Поврзани вести

prilep-karneval1
  • Вести
  • Прилеп инфо

На прилепскиот карневал „Прочка“ над 500 учесници од земјата и странство

Шеталиште 16/02/2026 15:07
8
  • Прилеп инфо

Два дена нема трага од Виктор Илиоски од Прилеп, апел до граѓаните за помош

Шеталиште 16/02/2026 12:43
policija_1000x666-1
  • Прилеп инфо

Прилепчанка фатена со три пиштоли и 39 парчиња муниција

Шеталиште 13/02/2026 13:05
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 2
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 3
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 4
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19

Можеби сте пропуштиле

dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани