default
Во тек се градежни работи за целосна реконструкција на спортските терени во дворот на Основното училиште „Даме Груев“ во Битола, со што учениците и граѓаните ќе добијат современ простор за спорт и рекреација.
Проектот се реализира преку вториот владин повик, со поддршка од Министерството за образование и наука, а опфаќа асфалтирање на повеќенаменските спортски игралишта во училишниот двор. Ќе бидат уредени терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупна површина од 1.311 квадратни метри.
Покрај реконструкцијата на игралиштата, предвидена е изградба на пешачка патека со бехатон на површина од 294 квадратни метри, асфалтирање на пристапниот дел до терените, уредување на паркинг-простор, хортикултурно уредување и поставување урбана опрема.
Вредноста на проектот изнесува 15.507.414 денари, а со неговата реализација значително ќе се подобрат условите за спортски активности, рекреација и наставата по физичко образование во училиштето.
Фото: Општина Битола

