Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
capture-6

Националниот „Поетски слем Македонија 2026“, годинава, по 16. пат ќе се одржи од денеска (8-ми) до 11 октомври во Прилеп. Литературната манифестација е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе се отвори денеска во 18:30 часот во галеријата на ЦК „Марко Цепенков“ со изложба на ДЛУМ – Битола. На истата локација ќе се одржи и поетската монодрама „Лидија или сѐ што знам за жените“, со почеток во 20 часот.

Оваа година, за титулата национален претставник, ќе се натпреваруваат дваесетина учесници и учеснички од различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија. Учесници се Бобан Богатиновски, Лиле Јовановска, Тања Кузманоска, Билјана Павлеска, Виктор Спасески, Жане Гудеска, Јулијана Маринковиќ, Маја Малиновска, Марија Грубор, Наталија Наумовска Велковска, Стефанија Граовац, Тони Павлески, Лилјана Сливоска, Елена Пренџова, Игор Трпчески. Годинава директно во финаленото влегоа Валерија Дамчевска, Матеј Петров и Јован Лешев, кои добија најмногу бодови на настанот по повод Светскиот ден на слемот, кој се одржа на 26 септември во Скопје. Специјални гости годинава се поетесите Елијане Бутелане и Наташа Сокре од Мозамбик, Африка.

На деветти октомври во кафулето „Долапче“ во 18 часот ќе се одржи промоција на збирка поезија на хаику, хаига и задачи за креативно пишување од Елена Пренџова, а промоторка ќе биде Катарина Фиаменго од Србија. Потоа, во клубот „Дипломатик“ од 19 часот ќе се одржат промоции на две збирки поезија од авторките Александра Јуруковска и Сузана Мицевска, а промотор ќе биде Звонко Димоски. Во киното „Мис Стон“ од 20 часот, пак, ќе настапат специјалните гостинки од Африка, Елијане Бутелане и Наташа Сокре, по што ќе се одржи полуфиналето во слем. Третиот фестивалски ден ќе се одржат неколку поетски промоции на книги, како и главното слем-натпреварување. Промоција на збирка поезија од Марија Грубор, чија промоторка ќе биде Елена Пренџова, ќе се одржи во клуб „Дипломатик“ во 18 часот. Слем-карванот ќе почне на прилепскиот плоштад (кај Саатот) и ќе се движи до ЦК „Марко Цепенков“. Ќе се одржи и промоција на книгата „Како паѓаме јас и ти“ од Ненад Јолдески, а промотор ќе биде Ѓоко Здравески. Главното слем-финале е во киното „Мис Стон“ од 21 часот, по што следува концертна промоција на збирката „Пружини“ од Пијан Славеј, заедно со „Хот џез оркестра“. Последниот фестивалски ден (11 октомври) учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на литургија во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, каде што потоа ќе се одржи и поетско читање. Вечерта ќе е посветена на поезијата на Тихомир Јанчовски, настан што ќе се одржи во вилата „Ана Плетварска“ со почеток во 19:30 часот.

„Поетски слем Македонија“ досега има испратено 11 национални претставнички и претставници на Европското слем-првенство, како и двајца претставници на Светското слем-првенство. Годинашниот победник ќе ја претставува Македонија на Европското слем-првенство, со можност и на Светското. Дизајнот на плакатот е на уметникот Владимир Лукаш.

Continue Reading

Претходно: Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар
Следно: Капитенот Енис Барди се огласи по четирите порази во Лигата на нациите (Фото)

Поврзани вести

bitola-teatar
  • Настани

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Шеталиште 09/11/2026 11:17
andrijana-arlen
  • Настани

„Свири пијано со мене“: Андријана Арлен денес во Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 26/10/2026 11:23
muzichki-kod-1229x1536
  • Настани

„Музички код“ – Македонската филхармонија со концерт во Битола под диригентство на Борјан Цанев

Шеталиште 13/10/2026 15:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа 1
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

10/11/2026 09:46
Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие 82460 2
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

10/11/2026 08:03
Седници на две собраниски комисии Zgrada-na-Sobranieto 3
  • Македонија

Седници на две собраниски комисии

10/11/2026 08:01
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди oblacno-vreme-1 4
  • Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

10/11/2026 07:57
Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола sostanok Regionalna komora Bitola 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Економија

Регионалната комора иницира нови партнерства за посилна бизнис-заедница и општествен развој на Битола

10/11/2026 07:19

Можеби сте пропуштиле

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа
  • Вести
  • Македонија

МОН: Светскиот ден на науката 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:46
Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар
  • Театар

Премиера на претставата „Татко“ од Август Стриндберг во Битолскиот театар

Васка М.Младеновска 10/11/2026 09:30
Gold Felicia Italian week
  • Промо

Вкусовите на Италија пристигнуваат во Голд Фелициа – Битола!

Шеталиште 10/11/2026 08:49
82460
  • Македонија

Се празнува Света Петка Икониска – Празник со силна порака за добрина и милосрдие

Шеталиште 10/11/2026 08:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани