Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пожарот кај Дојран се става под контрола, и понатаму критично во Светиниколско и во Старо Нагоричане

admin 30/07/2024 00:00
pozar-bogdanci-dojran-f

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов во изјава за ТВ Телма рече оти има индиции дека пожарот на депонијата е подметнат, но за тоа како што додаде остава надлежните органи да и преземат одредени постапки
Повеќе од 30 пожари денеска беснеат на територијата на државата од кои 15 се сè уште активни, меѓу кои и огнената стихија која избувна кај Дојран и за кратко време почна да се шири на сите страни, а која според последните информации почнува да се става под контрола од страна на противпожарните екипи.

Од пожарот кај Дојран и интервенцијата на армискиот хеликоптер / Фото: ЦУК
Огнот, кој избувна на депонија кај населбата Карач предизвика паника кај тамошното насление, кое беше евакуирано, а според првичните информации беа зафатени три куќи во населбата.

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов во изјава за ТВ Телма рече оти има индиции дека пожарот на депонијата е подметнат, но за тоа како што додаде остава надлежните органи да и преземат одредени постапки.

„Се соочуваме со навистина голем пожар. Дојде и воен хеликоптер на Армијата да помогне во гасењето, меѓутоа ветрот прави големи проблеми и навистина многу бргу се шири овој оган“,

изјави Ангов.
Во врска со трите зафатени од огнот куќи во наслебата Карач, градоначалникот вели дека и покрај брзата интервенција на противпожарните екипи кои дошле од целиот регион да помогнат не успеале да ги спасат куќите.

„Тоа се три куќи кои се во населба Карач, таму живее локално население кои што за жал и покрај брзата интервенција на противпожарните екипи коишто дојдоа од целиот регион да помогнат самиот ветер направи проблем и го префрли огнот многу бргу. Не успеавме да ги спасиме тие куќи, сега мислам дека пожарот полека се става под контрола и се надеваме дека набргу ќе ни дојде поголема помош бидејќи навистина станува збор за многу голем пожар“,

изјави градоначалникот на Дојран.
Тој, додава дека во случајот можело малку побрзо да се реагира од Центарот за управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување.

„Чекавме доста време за испраќање на хеликоптери и авиони и пожарот многу бргу се рашири поради временските услови, како што напоменав“,рече Ангов.

Од друга страна директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во својата пладневна изјава која ја даде од место над Дојран, рече дека во пожарот не се изгорени куќи.

„Моментално се наоѓам над Дојран каде утрово изби пожар од депонијата којшто ја зафати околната вегетација и се прошири кон околната населба. За среќа немаме изгорени куќи, туку само една или две куќи коишто се благо зафатени од огнот и имаат сосема мали оштетувања“, рече Ангелов.

Претходно денеска по избувнувањето на пожарот во Дојран заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов, побара противпожарните служби од Гевгелија, Валандово и Богданци да помогнат во справувањето со огнот кој е во близина на селото Николиќ.

Михаилов вели дека депонијата кога била запалена била заклучена и немало чувар. Поради тоа, екипите на Територијалната противпожарна единица не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат првичниот пожар да се прошири кон местото викано Карабалија. Поради ветрот, додава Михаилов, огнот се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола.

Михаилов, во објава на својот фејсбук-профил, побара одговорност од градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, затоа што депонијата била заклучена и без чувар.

Од денешните пожарни како тешки директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ги посочи пожарите на територијата на Дојран и на територијата на Свети Николе, кои биле неколку.

„Најголемата пожарна линија се движи од Свети Николе во насока на општина Куманово и моментално таму делуваме со трите „Ер трактори. Пожари имаме на територијата на Старо Нагоричане кој што се закануваат да зафатат неколку напуштени села од разбиен тип со стари куќи, но и обновени куќи. Исто така имаме пожари и на територијата на општина Куманово, на територијата на општина Пробиштип, на територијата на општина Кочани, но и на другите места“, рече Ангелов. вели директорот на ЦУК.

Тој повторно упати апел до сите кои ќе се затекнат во села кон кои се ближи пожар да се евакуираат на безбедно.

„Апелирам сите лица коишто ќе се затекнат во села кон кој што се ближи оган, а каде што не организирана одбрана на селото од локалните власти итно да се евакуираат на безбедно место, да не чекаат до последен момент и да не се изложуваат на непотребен ризик по нивниот живот и здравје. Нови куќи ќе се направат, но животот на луѓето не може да се врати“, изјави Ангелов.

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер
Следно: Пожар го зафати новиот трговски комплекс „Блис“ во Битола, шест дена пред отворањето

Поврзани вести

kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

Димитар Петковски 06/12/2025 11:07
Screenshot_20251205_195904_Mavex
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

Димитар Петковски 05/12/2025 19:37
Uklo
  • Вести
  • Битола инфо

Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

Шеталиште 05/12/2025 14:46
TELEFONI 300 X 250
300-x-250
Untitled design (11)
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)

Тренд Вести

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео) kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006 1
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

06/12/2025 11:07
Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата Screenshot_20251205_195904_Mavex 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

05/12/2025 19:37
Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола Uklo 3
  • Вести
  • Битола инфо

Патронен празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола

05/12/2025 14:46
Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски Mickoski 4
  • Вести
  • Македонија

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ утре во Кавадарци, се очекува реизбор на Мицкоски

05/12/2025 14:44
УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Вести
  • Македонија

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот

05/12/2025 14:42

Можеби сте пропуштиле

IVONA KOCHOV
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.12.2025)

Шеталиште 06/12/2025 18:18
kk-pelister-kk-rabotnicki-05.10-76-1536x1006
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

КК Пелистер: Одиме по нова победа против ТФТ (Видео)

Димитар Петковски 06/12/2025 11:07
Screenshot_20251205_195904_Mavex
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Бараж за СП 2026: Македонија ако победи ќе биде дел од А групата

Димитар Петковски 05/12/2025 19:37
1
  • Промо

K-POP FOREVER! – Глобалниот K-POP спектакл пристигнува во Скопје на 28 февруари 2026

Шеталиште 05/12/2025 14:55

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани