Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пожарот на Серта ќе се гасне од воздух и од земја, затворена за сообраќај обиколницата кај Битола поради пожар

admin 16/07/2024 00:00
FB_IMG_1721077205515

Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја.

На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино синоќа беше најавено дека ќе се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци.

Обезбедена е и потребната механизација за дејствување од терен, а се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат уште во раните утрински часови.

– Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови.

Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта.

Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува, изјави ноќеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Додава дека иако стивнува ноќе, со зголемувањето на температурите во текот на денот тој се разговорува.

Повеќе денови трае гаснењето на пожарот на планината Серта, за кој директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов синоќа оцени дека е најсериозен и најтежок за гаснење бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума.

Пожарот на Серта синоќа се простираше на територија на Штип и делумно на Неготино.

Како што беше најавено, претпладнево се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија и еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.

-Овие ресурси добар дел од нив ќе ги сконцентрираме на планината Серта и во зависност од развојот на состојбата и на некој од другите шумски пожари затоа што состојбата се менува од минута во минута, рече Ангелов во изјава за медиумите.

В гаснењето на пожарите се вклучени и 103 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта.

– Во случај на потреба имаме на располагање дополнителен број на војници, како и дополнителен број на полицајци, но теренот на планината Серта е таков што не дозволува поголем ангажман на луѓе од земја, бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума, изјави Ангелов.

Ноќеска под контрола беше ставен и пожарот над Радовиш. Пред да биде ставен под контрола, постоеше опасност тој да се прошири на викенд населбата која се наоѓа во близина на градот.

Локалните пожарникари дежураат во текот на целата ноќ за да не дозволат тој да се прошири. -Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни.

Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до утре претпладне пожарот ќе биде ставен под целосна контрола, рече Ангелов.

Поради активниот пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.

Синоќа беше активен и пожарот над Битола, но како што изјави Ангелов, не претставуваше опасност за градот.

Поради пожарот од ноќеска се пренасочува сообраќајот од обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен, низ градот Битола.

Во гаснењето на пожарот вчера попладне лесно беа повредени двајца пожарникари.

Едниот кој имаше изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, додека другиот беше пуштен на домашно лекување.

Ноќеска заседавал и Кризниот штаб во Битола кој донел неколку одлуки за полесно справување со огнената стихија.

Повеќе од 120 пожарникари, доброволци и возила на противпожарната единица ноќеска беа на терен.

Доколку до утрово пожарот не биде ставен под контрола, Ангелов најави дека тој ќе биде гасен и од воздух. Во земјава вчера беа активни десет пожари, а попладнето се појавија и нови.

Директорот на ЦУК заедно со претставници на локалните самоуправи беше на терен и во текот на ноќта да ја контролира состојбата со пожарите.

Вчера седница одржа и Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов, соопшти МВР.

– На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата.

Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен.

Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора, потенцираше министерот Тошковски.

Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов синоќа изјави дека полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари.

Зборувајќи за забраната за движење во шума, Ангелов рече дека ниту еден планинар досега не предизвикал пожар и оти пожарите секогаш избувнуваат во близина на урбани средини, ниви или стрништа и дека има и подметнати пожари како во Кавадарци.

-Треба уште еднаш да ја разгледаме оваа одлука затоа што сите пожари започнуваат во близина на урбани средини и на ниви, од стрништа или како што веќе реков на територијата на Кавадарци човек кој што ги подметнал.

Тие луѓе кои што сакаат да предизвикаат пожар нив нема да ги исплаши оваа забрана за движење. Во разговорот со министерот Тошковски и со директорот на БЈБ наидов на разбирање кај нив.

Полицијата ќе даде макимално се од себе во превентивното дејство да имаме засилено движење на полиција, но и репресивно дејство.

Мислам дека веќе имаат информации за неколку предизвикувачи на пожари, рече Ангелов во Тема на денот на Сител.

На прашањето дали е лоциран човекот, директорот на ЦУК негира, вели дека се трага по него и дека не се знае неговиот идентитет, но и дека тешко може да се најде.

-Пожарникарите наишле на четири купишта со гранки запалени од нив. Пожарот почнал да се шири. Тие кога го изгаснале ги виделе и огништата кои се намерно направени, рече Ангелов.

Continue Reading

Претходно: Пожарот во Битола во кој беа повредени двајца пожарникари сѐ уште не е ставен под контрола
Следно: На терен над 100 лица работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола

Поврзани вести

d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
img_7945-1536x1152
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

Димитар Петковски 05/09/2026 06:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 3
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56
60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја gorivo-pumpa-750x350-2 5
  • Економија

60% поскапување годинава: Нафтата оди кон нови високи цени на гориво и струја

04/09/2026 09:43

Можеби сте пропуштиле

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (05.09.2026)

Шеталиште 05/09/2026 17:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани