Во Прилеп од 20 до 23 август ќе се одржи годинашното издание на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ а дел од овој традиционален турнир ќе бидат екипите на: Бутел од Скопје, Тиквеш од Кавадарци , Младост од Богданци, Еурофарм Пелистер 2 од Битола и Мулти Есенс – Автокоманда.
Турнирот традиционално ќе започне со положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски во Прилеп, а додека љубителите на ракометот натпреварите во трите натреварувачки дена во Август ќе можат да ги проследат во спортска сала „Ристе Ристески – Ричко“, Прилеп.

XI Меморијален турнир „Миле Нешкоски“ , во првата група ќе се сретнат : РК Прилеп , РК Мулти Есенс и РК Младост 1997 Богданци додека во групата два меѓусебе играат: РК Бутел , ГРК Тиквеш 2014 и РК Еурофарм Пелистер 2.
фото – Рк Прилеп (Миле Нешкоски) маркукуле

